6 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

6 септември — 249-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (250-и во престапна година). Остануваат 116 денови до крајот на годината.

<< септември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30
2024

Настани:

1522  Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано.
1776  Ураган го погодува Гваделуп, убивајќи повеќе од 6000 луѓе.
1885  Источна Румелија е присоединета кон Бугарија.
1901  Во Бафало, САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1939  Втора светска војна: Јужна Африка ѝ објавува војна на Германија.
1944  Ослободено е Кратово.
1943  Италијанската војска и балистите од Кичево во го запалиле селото Извор и 25 куќи и во селото Белчиште.
1944  Царската влада на Бугарија ѝ објави војна на Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962  Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.
1974  Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975  Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе.
1976  Студена војна: пилотот од воздухопловството на Советскиот Сојуз Виктор Беленко слетува со МиГ-25 воен авион кај Хакодате на островот Хокаидо во Јапонија и бара политички азил во САД.
2000  Одржан е Милениумскиот самит.

Родени:

1620  Изабела Леонардаиталијански композитор.
1666  Иван Vцар на Русија.
1766  Џон Далтонбритански хемичар и физичар.
1829  Марие Закревскаполски физичар.
1869  Феликс Салтенавстриски автор.
1898  Џорџ Гершвинамерикански композитор и музичар.
1904  Макс Розенблум — американски боксер.
1913  Леонидас — бразилски фудбалер.
1923  Петар II Караѓорѓевиќ — српски престолонаследник
1928  Роберт М. Пирсиг — американски автор
1956  Бил Ритер — американски политичар.
1959  Ана Бекута — српска фолк-пејачка.
1965  Џон Полсонавстралијански глумец и филмски режисер
1967  Игор Штимац — хрватски фудбалер.
1973  Никола Грбиќ — српски и југословенски одбојкар и тренер
1975  Дерек Ли — американски безболист
1978  Димитри Соле Љубин — македонски писател
1980  Џозеф Јобонигериски фудбалер
1984  Лук Абало — француски ракометар
1986  Равен Рајли — американска порно-глумица
1986  Александар Грим — германски слалом-кајакар
1987  Андреа Лекиќ — српска ракометарка.
1987  Кристос Цакмакис — грчки кајакар на диви води

Починале:

972  Јован XIIIримски папа
1625  Томас Демпстершкотски историчар
1783  Бертинацииталијански глумец и писател
1950  Олаф Стапледонбритански писател и филозоф
1969  Артур Фриденрајх — бразилски фудбалер.
1984  Ернест Тубамерикански пејач
1994  Ники Хопкинсбритански музичар
1998  Акира Куросава — јапонски филмски режисер
2000  Ѓорѓе Мартиновиќ — косовски Србин, жртва на измачување.
2003  Хари Гозамерикански глумец
2007  Лучано Паваротииталијански тенор.
2017  Николае Лупеску — романски фудбалер.
2018  Берт Рејнолдс — американски глумец.
2021  Жан Пол Белмондо — француски глумец.