6 август (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1825  Боливија стекна независност од Шпанија.
1900  Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа го осудила на робија Даме Груев — еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.
1903  Напишан е Крушевскиот манифест.
1932  Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.
1944  Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
1945  САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија.
1962  Јамајка се стекнува со независност.
2012  Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот.