Четириесет и деветта дивизија на НОВЈ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 49. Дивизија на НОВЈ)
Четириесет и деветта дивизија на НОВЈ
Југословенското партизанско знаме
Активнаод 1944 до 1945 година
ЗемјаМакедонија, село Црноец
ПрипадностНародноослободителна војска на Југославија
Големина4.200 борци и офицери
ШтабПетта македонска ударна бригада
Седма македонска ударна бригада
Битолско-преспански одред
БиткиБорби против Армиската група Е
Команданти
Тековен
командант
Васко Карангелески

Четирисет и деветтата дивизија на НОВЈ (дејствувала од 1944 до 1945) била воена единица формирана во селото Црноец, Битолско, на 10 септември 1944 година.[1] Во нејзиниот формациски состав влегле 5-та и 7-та македонска ударна бригада и Битолско-преспанскиот партизански одред.

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбен состав[уреди | уреди извор]

Во почетокот на октомври 1944 г. дивизијата била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и Втората македонска ударна бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“ (од Македонци од тој дел) и потоа влегла во составот на Петнаесетти македонски корпус (со бројна состојба од 4.200 борци и старешини).

По ослободувањето на Прилеп (2 септемрви 1944 г.) на местото на 2-та во составот на дивизијата влегла 9-та македонска бригада. Новиот состав го формирале 5-та, 7-та и 9-та македонска и Првата егејска бригада. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 6-та, 9-та и 11-та македонска, како и Првата артилериска бригада.[2]

Борбени дејства[уреди | уреди извор]

Борбените дејства на дивизијата главно се довивале на просторот околу Пелагонија и Преспа, против германските единици од армиската група Е.[1] Дивизијата водела борби на комуникациите: ЛеринБитола и ОхридРесенБитолаПрилеп против ГАЕ кои се повлекувале од Грција. Единици од составот на оваа дивизија учествувале во борбите за конечно ослободување на Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, а потоа и против балистичките формации кај Кичево, Зајас и Гостивар.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 180-181
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1623 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
  • Зборник докумената и података о Народноослободилачком рату југословенских народа, VII, књ. 4;
  • Борбе у Македонији, Београд, 1954;
  • Михаило Апостолски, Завршне операције за ослободжење Македоније, Београд, 1953.