Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари1943 година.
Во Бопал, Индија, во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ се случила катастрофа во која загинале повеќе од 3.800 луѓе, а помеѓу 150.000 и 600.000 луѓе претрпеле здравствени последици. Бопалската катастрофа претставува најголема индустриска катастрофа во светот.
Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.