36-тата одаја на Шаолин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„36-тата одаја на Шаолин
The 36th Chamber of Shaolin“
The 36th Chamber of Shaolin.jpg
Постер за 36-тата одаја на Шаолин
Режирано од Лиу Џиа-лианг
Продуцент Мона Фонг
Жун Жун Шо
Сценарист И Куанг
Настапуваат Годрон Лиу
Луо Лие
Музика Чен Јунг-Ји
Кинематографија Хуанг Је-таи
Монтажа Геунг Хинг Лунг
Ли Јен-Хаи
Дистрибутер Браќа Шо
(Хонг Конг)
Ворлд Нортал (САД) (дублиран)
Премиера Хонгконг 1978
САД 1 јуни, 1979
Времетраење 115 минути
Јазик Мандарински
Следен Враќање во 36-тата одаја

36-тата одаја на Шаолин (кин. 少林三十六房, Ша̀о Ли́н сāн ше́ лиу̀ фа́нг, англ. The 36th Chamber of Shaolin), познат и како Мајстор-убиец и Мајсторот-убиец од Шаолин е кунг фу филм во продукција на Браќата Шо, режиран од Лиу Џиа-лианг, чија главна улога ја толкува Гордон Лиу. Се смета за најлегендарниот и најдобриот кунг фу филм на сите времиња.

Приказната во филмот е измислена, но базирана на живото и делото на Сан Те, легендарен ученик на боречки вештини кој вежбал под раководство на војсководецот Чи Шан, толкуван од Гордон Лиу, посвоен брат на режисерот.

„36-тата одаја на Шаолин“ надекаде се смета за најдобриот кунг фу филм на сите времиња и клучен момент во кариерата на режисерот и актерот.[1][2][3] По овој филм следел продолжетокот под наслов Враќање во 36-тата одаја, кој бил покомичен, со Гордон Лиу како главен лик и спореден глумец кој ја толкувал улогата на Сан Те, како и Учениците од 36-тата одаја.

Дејствие[уреди]

Младиот ученик е поведен од неговиот наставник-активист во локалниот бунт против манџурска власт. Властите го задушуваат бунтот и го ликвидираат училиштето, со тоа што ги убиваат и нивните пријатели и семејства. The young man seeks vengeance. Повреден од нападот на манџурските активисти, главнот лик бега во Шаолинскиот храм и бара да го научат кунг фу. Отпрвин будистичките монаси го одбиваат како , но главниот игуменот се смилостивува, па го задржува момчето. Една година подоцна, младичот започнува со боречките вежби во 35-те одаи на храмот и напредува подобро од било кој друг ученик.

Меѓутоа, како што се наближува крајот на учењето, храмот го „истерува“ како маска за да може да му помогне на народот против угнетувачите. Така младичот се враќа во неговото родно место, и му помага на народот со тоа што ги учи боречки вештини. Пред завршетокот на политичката револуција која тој ја поттикнува, принуден е да се бори против неговиот соперник - функционер. На крај тој победува и се враќа во шаолинскиот храм, каде отвора нова, 36-та одаја, во која обичниот народ може да учи кунг фу без да треба да стане монах.

Дистрибуција[уреди]

Филмот добил ДВД издание во азиската издавачка куќа на Вајнштајн Компани, Драгон Династи на 19 јуни, 2007. ДВД-то содржи коментари од РЗА и филсмкиот критичар Анди Клајн, како и интервју со Гордон Лиу.

Прием[уреди]

„36-тата одаја на Шаолин“ нашироко се смета за најдобриот кунг фу филм во историјата и за високовлијателно дело во својот жанр.[1][2][3]

Наводи[уреди]