31 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

31 мај — 151-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (152-и во престапна година). Остануваат 214 денови до крајот на годината.

Настани:

1942  Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1961  Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.
1962  Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
1991  Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:

1656  Марен Марефранцуски композитор за виола да гамба.
1819  Волт Витман — американски поет.
1892  Константин Паустовски — руски и советски писател.
1899  Леонид Леонов — руски и советски писател.
1908  Дон Амичи — американски глумец.
1911  Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
1930  Клинт Иствуд — американски филмски глумец и режисер.
1934  Рада Ѓуричин — српска и југословенска глумица.
1941  Вилијам Нордхаус — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2018 година.
1945  Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер.
1948  Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата Лед цепелин.
1965  Брук Шилдс — американска глумица.
1969  Тони Цетински — хрватски пејач.
1970  Паоло Сорентино — италијански режисер.
1973  Родриго Кортес — шпански филмски режисер.
1986  Роберт Гесинк — холандски велосипедист.
1989  Марко Ројс — германски фудбалер.
2001  Ига Свјатек — полска тенисерка.

Починале:

1594  Јакопо Робусти Тинторетоиталијански сликар.
1809  Франц Јозеф Хајдн — австриски класицистички композитор.
1854  Ватрослав Лисинскихрватски композитор.
1953  Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект.
1962  Адолф Ајхман — нацистички функционер.
1978  Јожеф Божик — унгарски фудбалер.
1983  Џек Демпси — американски боксер.
2019  Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.