28 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

28 април — 118-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (119-и во престапна година). Остануваат 247 денови до крајот на годината.

Настани:

518  Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје.
1945  Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
1964  Излегло првото издание на „Битолски весник“.
1969  Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1980  Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
2001  Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
2001  Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
2004  Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

Родени:

1924  Кенет Каунда — замбиски државник, прв претседател на Замбија.
1937  Садам Хусеинирачки претседател.
1942  Ен Маргарет — шведско-американска глумица.
1956  Ханка Палдум — босанска фолк-пејачка.
1958  Ким Гордон — американска рок-музичарка, членка на групата „Соник јут“ (Sonic Youth).
1960  Валтер Ѕенга — италијански фудбалер.
1973  Паулета — португалски фудбалер.
1981  Џесика Алба — американска глумица.
1984  Димитриј Торбински — руски фудбалер.
1988  Хуан Мата — шпански фудбалер.
1994  Милош Дегенек — австралиски фудбалер.

Починале:

1858  Јоханес Петер Милер — германски физиолог, анатом, ихтиолог и херпетолог.
1918  Гаврило Принципатентаторот на Франц Фердинанд.
1945  Бенито Мусолини — италијански фашистички диктатор.
1992  Френсис Бејкон — британски сликар.
2009  Екатерина Максимоваруска и советска балерина.
2022  Зоран Сретеновиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.