Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври1945 година (Ден на ООН).
Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.