23 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

23 декември — 357-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (358-и во престапна година). Остануваат 8 денови до крајот на годината.

Настани:

1888  Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво.
1944  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947  Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД.
1991  Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993  Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.

Родени:

1777  Александар I — руски цар.
1790  Жан Франсоа Шамполион — француски египтолог.
1869  Иван Гарванов — бугарски револуционер.
1920  Мики Руни — американски глумец и комичар.
1925  Јаника Балаж — тамбураш од Војводина.
1929  Чет Бејкер — американски џез-трубач.
1950  Висенте дел Боске — шпански фудбалер и тренер.
1964  Еди Ведер — американски рок-музичар, член на групата Перл џем (Pearl Jam).
1967  Карла Бруни — италијанско-француска пејачка и модел, сопруга на францускиот претседател Никола Саркози.
1968  Мануел Ривера-Ортис — порторикански фотограф.
1988  Јурај Саган — словачки велосипедист.
1997  Лука Јовиќ — српски фудбалер.

Починале:

910  Свети Наум Охридски — македонски просветител и свештеник.
1906  Даме Груев — македонски национален деец - еден од основачите на ВМРО.
1953  Лаврентиј Берија — советски политичар, началник на НКВД во времето на сталинизмот.
2003  Драгољуб Ставрев — македонски политичар.
2007  Оскар Питерсон — американски џез-музичар.
2013  Јусеф Латиф — американски џез-музичар.
2020  Перо Квргиќ — хрватски глумец.
2022  Масимо Савиќ — хрватски поп-рок пејач.