23 февруари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
303  Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
1905  Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
1919  Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
1933  Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
1941  Откриен е плутониумот.
1945  Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1945  Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1947  Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
1967  Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.
1970  Британска Гвајана стекна независност.
1994  На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
1998  Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.