2001: Вселенска одисеја (филм)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
2001: Вселенска Одисеја

Оригинален филмски постер
Режија: Стенли Кјубрик
Продуцент: Стенли Кјубрик
Сценарио: Роман:
Артур Ч. Кларк
Сценарио:
Стенли Кјубрик
Артур Ч. Кларк
Улоги: Киер Дулеа
Гери Локвуд
Вилијам Силвестер
Дениел Рихтер
Леонард Роситер
Даглас Рејн
Кинематографија: Џефри Ансворт
Монтажа: Реј Лавџој
Дистрибутер: Metro-Goldwyn-Mayer (1968-1998, само видео од 1986-1998)
Turner Entertainment (1986-1996)
Warner Bros. (преку Turner) (кино и ТВ од 1996, видео од 1999)
Премиера: 6 април 1968 (САД)
Времетраење: Премиера:
160 мин.
Реиздание:
141 мин.
Земја: Обединето Кралство Обединето Кралство
Знамето на САД САД
Јазик: Англиски
Буџет: $10,500,000
Следен филм: 2010: Годината кога ќе оствариме контакт
All Movie Guide-профил
IMDb-профил

2001: Вселенска Одисеја (анг. 2001: A Space Odyssey) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото. Филмот се занимава со тематски елементи на човековата еволуција, технологија, вештачка интелигенција и вонземскиот живот, а е познат по научниот реализам, пионерските специјални ефекти, провокативната двосмислена и често надреална сликовитост, звук на местата на традиционалните наративни техники и минималното користење на дијалог.

И покрај различните осврти при пуштањето на филмот, тој денес е признат од критичарите и публиката како еден од најдобрите филмови кои кога и да е биле направени; анкетата од 2002 година, на списанието Sight & Sound, спроведена врз критичари, го рангира филмот меѓу десетте најдобри филмови на сите времиња [1]. Филмот е номиниран за четири оскари, а добива еден за специјални ефекти. Во 1991, прогласен е за „културно, историски, или естетски значаен“ од Библиотеката на Конгресот на Соединетите Држави (United States Library of Congress) и избран за зачувување во нивниот Национален Филмски Регистар (National Film Registry).

Филмот поставува нови стандарди за специјални ефекти во научната фантастика на филм и телевизија.

[уреди] Кратка содржина

Насловната секвенца ја прикажува Земјата како се крева над Месечината додека Сонцето изгрева над Земјата.

Врз пејзажен приказ на африканската пустина, се прикажува наслов „Зората на Човекот“. Племе од праисториски човеколики мајмуни се бори да преживее во сушната пустина. Едно утро мистериозен правоаголен монолит се појавува во близина на нивната населба. По овој настан, еден човеколик мајмун (Даниел Рихтер) ја измислува првата алатка, кога зема коска од едно купче и открива дека може да ја употребува како палка за да крши други коски. Овој човеколики мајмун, кој сега стои делумно исправено, го предводи своето племе во одбрана на нивното поило од друго племе, употребувајќи ја палката за да убие еден непријателски водач до смрт, на тој начин за прв пат полезно користејќи го новооткриеното оружје. Победоносниот човеколики мајмун го фрла оружјето во воздух и во тој момент филмот скокнува во иднината низ кадар кој ги поврзува коската со орбитирачки сателит направен од човекот.

[уреди] Белешки

  1. „Sight and Sound: Анкета од 2002 година“. Британски филмски институт.

[уреди] Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Лични алатки