Од Википедија — слободната енциклопедија
331 п.н.е.
Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела .
1795
Белгија е освоена од Франција .
1827
Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван , завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија .
1869
Австрија ги издава првите разгледници во светот.
1880
Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон .
1891
Во САД , Калифорнија , се отвора Стенфорскиот универзитет .
1908
Форд го претставува „Модел Т “, првиот автомобил кој се произведувал на лента . Со цена од 825 долари , продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство.
1943
Околу 4.000 балисти , заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ , Кичевско , извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија .
1943
Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија ).
1949
Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина .
1989
Во Данска е озаконет истополовиот брак . Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.