180-ти меридијан
Од Википедија, слободната енциклопедија
180-тиот меридијан (наречен и „антимеридијан“) е меридијанот кој лежи 180° источно или западно од нултиот меридијан што минува низ Гринич, Англија. Тој е заеднички за источната и западната географска ширина. Се користи како основа за меѓународната датумска граница бидејќи минува главно низ отворените водни пространства на Тихиот Океан. Но линијата минува и копнено, и тоа низ Русија, Фиџи и Антарктикот.
Започнувајќи од Северниот пол, па јужно сè до Јужниот пол, 180-тиот меридијан минува низ:
-
Координати
(прибл.)Земја, територија, море Белешки Северен Леден Океан
РусијаВрангелов Остров Чукотско Море
РусијаЧукотски автономен округ Берингово Море Амчиткански Премин Минува веднаш источно од островот Семисопочни, Алјаска,
САД ( )Тихи Океан Минува веднаш источно од атолот Нукулаелае,
Тувалу ( )
Минува веднаш западно од островот Тикомбија,
Фиџи ( )
ФиџиОстровите Вануа Леву, Раби и Тавеуни Тихи Океан Минува веднаш источно од островот Моала,
Фиџи ( )
Минува веднаш западно од островот Тотоја,
Фиџи ( )
Минува веднаш источно од островот Матуку,
Фиџи ( )Јужен Океан Антарктик Росова Зависност, под управа на
Нов Зеланд
180° меридијан во Тавеуни, Фиџи
Овој меридијан исто така минува помеѓу (но не особено блиску до):
- Гилбертовите Острови и островите Феникс,
Кирибати; - помеѓу Северниот Остров и островите Кермадек,
Нов Зеланд; - помеѓу островите Баунти и Четемските Острови,
Нов Зеланд.
Поврзано [уреди]
|
|||||
