13 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јануари 2024 13 јануари — 13-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 352 денови до крајот на годината (353 во престапна).

Настани:

532  Бунтот Ника во Цариград.
1610  Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785  Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times).
1898  Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите.
1938  Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953  Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.

Родени:

1806  Јован Стерија Поповиќ — српски писател.
1864  Вилхелм Вин — германски физичар и нобеловец, познат по неговиот закон за топлинското зрачење на апсолутните црни тела.
1869  Иво Ќипико — српски писател.
1876  Ерхард Шмит — германски математичар.
1888  Назим Хикмет — турски писател и револуционер.
1898  Живоин Павловиќ — југословенски комунист.
1920  Христо Стамболиев — еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1929  Џо Пас — американски гитарист.
1953  Јордан Витанов — македонски глумец.
1955  Пол Кели — австралиски рок-музичар.
1970  Шонда Рајмс — американски сценарист, режисер и продуцент.
1972  Виталиј Шчербо — белоруски и советски гимнастичар.
1977  Орландо Блум — англиски глумец.
1982  Драган Чадиковски — македонски фудбалер.
1983  Џовани Висконти — италијански велосипедист.
1987  Даниел Ос — италијански велосипедист.
1988  Милош Биковиќ — српски и руски глумец.
1989  Александар Минченков — руски фудбалер.
1997  Луис Дијас — колумбиски фудбалер.

Починале:

1625  Јан Бројгел Постариотфламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот.
1943  Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ.
1977  Жорж Клузо — француски филмски режисер и сценарист.
1979  Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар.
1984  Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1994  Добри Ставревски — македонски пејач.
1994  Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата „Бијело дугме“.
2002  Антоние Исаковиќ — српски писател и академик.
2007  Мајкл Брекер — американски џез-музичар.
2012  Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер.
2021  Силвејн Силвејн — американски рок-музичар.

Празници:

Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица.