10BASE2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
10BASE2 кабел кој покажува завршеток на BNC конектор end.
10BASE2 кабел со BNC T-конектор.
Завршеток на 10BASE2 кабел.
Коаксијалниот кабел се користи за пренос на 10BASE-2 Ethernet
Излед на EAD
Различни видови на T-конектори, со AAUI

10BASE2 (исто така познат како cheapernet, слаб Ethernet, thinnet, and thinwire) е варијанта на Ethernet , која користи тенок коаксијален кабел (RG-58A/U или сличен, за разлика од подебелиот кабел RG-8 cable кој се користи кај 10BASE5 мрежите), кој завршува со BNC конектори. Од средината до крајот на 1980-тите години тоа беше доминантен 10 Mbit/s Ethernet стандард, но поради големата побарувачка за висока брзина на вмрежување, ниската цена на Категоријата 5 Ethernet кабли,популарноста на 802.11безжичните мрежи, и 10BASE2 и 10BASE5 се повеќе и повеќе станувале застарени, но тие се уште се користат.[се бара извор]

Потекло на името[уреди]

Името на 10BASE2 е изведено од неколку карактеристики на физичкиот медиум. 10 доаѓа од максималната брзина на пренос од 10 Mbit/s (милиони бита во секунда).BASE означуваbaseband сиглал, а 2 наводно претставува максимална должина на сегмент од 200 метри, но всушност, може да достигне само до 185 метри. (IEEE направил заокружување од 185 на 200 ,па од овде произлегло името 10Base2).

Дизајн на мрежата[уреди]

10BASE2 коаксијалните кабли имале максимална должина од 185 метри (607 ft). Максималниот број на јазли кои може да бидат поврзани со 10BASE2 сегментот е ограничен на 30. Во 10BASE2 мрежата, секој сегмент од кабелот е поврзан со transceiver примопредавател) (кои обично се вградени во мрежниот адаптер) користејќи го BNC Т-конекторот, со еден сегмент поврзан со секој женски конектор на Т. Како што беше случај и со повеќето други магистрали со голема брзина и, Ethernet сегментите морало да завршуваат со отпорник на секој крај. Секој крај на кабелот имал отпорник со 50 оми (Ω). Обично овој отпорник бил изграден со машки BNC Неколку уреди како што се DEMPR и DESPR на Digital биле вградени во терминатор(вграден завршеток) и така само можело да се користи еден физички крај на кабелот. Ако завршетокот недостасувал, или ако имало прекин во кабелот, тоа се одразувало на AC сигналот на магистралата. Овој сигнал не се разликувал од судир, па ниту една комуникација не можела да се овозможи.

Краевите на кабелот имале метален ланец што служел за заземјување, но сепак многу луѓе никогаш не разбрале како правилно да направат заземјување ,што се однесувало на заземјување со двата краја на кабелот, а не само со едниот крај. Со текот на времето ,ова предизвикало многу проблеми при заземјувањето, што предизвика прекини на мрежата и / или неовластено превземање на податоци кога бранови на електрична енергија поминувале низ надворешниот штит на коаксијалниот кабел во текот на својот пат до земјата со најмал можен отпор.

При поврзување на 10BASE2 каблите, посебна грижа треба да се преземе за да се осигура дека каблите се правилно поврзани со сите Т-конектори, и дека соодветите краеви на каблите се инсталирани. Еден и само еден крај на кабелот мора да биде поврзан со земјата земјата преку жица. Лош контакт или лошо поврзување е особено тешко да се воочи, но преку временско-доменскиот рефлектометар повеќето од можните проблеми ќе можат да бидат брзо пронајдени. Падот на било која точка од мрежното кабелско поврзување може да предизвика спречување на сите комуникации. Поради оваа причина, 10BASE2 каблите можат да бидат тешки за одржување и често се заменувани со 10BASE-T , кои исто така, обезбедуваат добра надградба за 100BASE-TX. Алтернативната врска е овозможена со воведувањето на EAD-сокети.

Споредба со 10BASE-T[уреди]

Присуството на многу додатоци во 10BASE2 кабелот исто така го прави многу подложен на случајни или злонамерни прекини. Имало комерцијални wallport / кабелски системи што тврделе дека можат да ги избегнат овие проблеми (како на пример SaferTap), но тие никогаш не успеале да се распространат, поради недостатокот на стандардизацијата.

10BASE2 системите имаат голем број на предности во однос на 10BASE-Т. Тие немаат потреба од 10BASE-T центар, па цената на хардверот е многу ниска, и поставувањето на мрежата може да биде особено лесно, бидејќи само една жица е потребно да работи, што може да биде овозможено од најблискиот компјутер. Овие карактеристики потврдуваат дека 10BASE2 е идеална за мала мрежа составена од две или три машини, или мрежа во дом, каде што лесно сокриените жици можат да бидат предност. За поголем комплекс како на пример кај канцелариска мрежа, тешкотиите за откривањето на слабата поврзаност ја прави 10BASE2 непрактична. За жал, кога повеќето домашни компјутерски мрежи станаа честа појава, форматот на 10BASE2 станал практично заменет. Впрочем, станува се потешко да се најде 10BASE2-компатибилни мрежни картички како посебна парчиња на опрема, како и интегрирани LAN контролори на матичните плочи кои немаат приклучок, иако основната нивна логика сепак може да биде присутна.

Исто така погледнете[уреди]

Референци[уреди]

Оваа статија е заснована на материјал од Бесплатниот информатички семрежен речник (FODOC), кој е лиценциран со ГЛСД.