'Рбетна мрежа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

'Рбетна мрежа или network backbone е дел од компјутерска мрежа инфраструктура која поврзува различни делови на мрежа, овозможувајки патека за размена на информации помеѓу различни локални мрежи LANs or subnetworks.[1][2] 'Рбетната мрежа може да поврзе заедно различни мрежи во иста зграда, во различни згради во кампус околина,или во поширока област.Нормално, капацитетот на рбетната мрежа е поголем од мрежите на кои таа е поврзана.

Големи корпорации кои што имаат повеќе локации можат да имаат рбетна мрежа која што ги поврзува сите локации заедно, на пример,ако некој кластер сервер има потреба да биде пристапен од различени департменти на компанијата која што е лоцирана на различни географски локации.Деловите на мрежната конекција (на пример: ethernet, wireless)кои што ги спојуваат овие департменти заедно најчесто се нарекуваат рбетна мрежа или мрежа-столб. Network congestion најчесто се зема во предвид кога се дизајнира една ваква рбетна мрежа.

Рбетните мрежи не треба да се мешаат со Интернет backbone.

Види исто така [уреди]

Постојат две многу чести топологии на рбетната мрежа:

  • Bus Backbone-Магистрала рбетна мрежа
  • Star Backbone-Рбетна мрежа во вид на звезда

Референци [уреди]

  1. What is a Backbone?, Whatis.com, Accessed: June 25, 2007
  2. Backbone | Abinomics.com

Надворешни линкови [уреди]