Ној

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ној
Период: плеистоцен - денес
Мажјак (лево) и женки
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Птици
Надред: Старовилични
Ред: Ноевидни
Семејство: Ноеви
Род: Ној
Вид: Африкански ној
Научен назив
Struthio camelus
Linnaeus, 1758[2]
Подвидови

S. c. australus Gurney, 1868[2]
јужен ној

S. c. camelus Linnaeus, 1758[2]
северноафрикански ној

S. c. massaicus Neumann, 1898[2]
масајски ној

S. c. syriacus Rothschild, 1919[2]
арапски ној

S. c. molybdophanes Reichenow, 1883[2]
сомалиски ној

Распространетост

Ној или гајгур[3] (науч. Struthio camelus) — голема безлетна птица по потекло од Африка (а одамна од Средниот Исток). Тој е единствен преживеан примерок од неговата семејството на ноевите (Struthionidae) и родот ној (Struthio). Ноевите припаѓаат на редот ноевидните (Struthioniformes) заедно со ему, киви и други. Препознатлив е по појавата, долг врат и нозе, можност да трча и до 74 км/ч, најбрза птица на планетата. Е најголема птица и ги несе најголемите јајца.

Исхраната во главно се состои од растенија, но исто така јаде и инсекти. Живее во номадски групи кои се содржат од 5 до 50 птици. Кога е во опасност, или се крие лежејки на земјата или побегнува. Ако е доведен во ќоше тој може да повреди и да убие со неговите силни нозе. Парењето се одвива на различен начин во различни региони, но територијалните мажјаци се борат за харем од 2 до 7 женки.

Нојот го одгледуваат насекаде во светот, најмного заради пердувите, кои се декоративни и се користат за изработка на чистачи на прав. Кожата е користат за изработка на кожени производи, а месото се продава како храна (комерцијално).

Опис[уреди | уреди извор]

Ноевите вообичаено тежат од 63 до 130 кг, некои примероци од мажјаци се најдени кои тежат и до 155 кг. Перјата на возрасен мажјак се воглавно црни, со бело на крајот од крилјата и опашот. Женките и младите мажјаци се сиво-кафеави и бели. Главата и вратот на двата пола се скоро голи, но има тенок слој на ситни пердуви.

Скелет на ној.

Кожата им е обоена во зависност од подвидот. Мажјакот тарсус има црвени нозе а женките црни. Силните нозе на нојот немаат пердуви. Птицата има само два прста на секоја нога (повеќето птици имаат 4), со нокт на поголемиот. Крилјата не ги користи за летање, но сепак се големи, со распон од 2 m, покрај недостатокот на големи летачки пердуви. Пердувите ги користат за заведување на женка и за правење сенка на младенчињата. Нивните пердуви служат за изолација и се поразлични од оние надворешни големи летачки пердуви. Имаат околу 50-60 пашкини пердуви, а крилјата имаат 16 примарни, 4 алуларни и 20-23 секундарни пердуви. Градниот кош на нојот е рамен, со недостаток од кобилична коска (за која крилните мускули се закачуваат кај летачките птици. Грбот е рамен со завиен крај. За разлика од другите птици нојот уринира од посебен, а исфрла фецес од друг канал. Исто имаат уникатна карлица која е снабдена со осигурач за да ги држи утробата. Копулаторниот орган е долг 20 см. Горното непце е различно од другите птици. Половата зрелост се постигнува на 2 или 4 годишна возраст, нажјаците можат да израснат од 1,8 до 2,8 метри, додека женките од 1,7 до 2 метри. За време на првата година тие растат околу 25 см на месец. На едногодишна возраст тие тежат околу 45 кг. Нојот може да живее и до 75 години.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Ноевите се одгледувани во повеќе од 50 земји, вклучувајќи и клими ладни како Шведска и Финска, но поголемиот дел се во Јужна Африка. Тие можат да просперираат во клими помеѓу +30оC и -30oC. Тие се привлечни економски заради квалитетното месо и другите делови од телото на нојот, тие имаат најдобар пораст на тежина према хранење од било кое друго копнено животно. Иако тие се одгледувани примарно за кожата, секундарно за месото, додатен нуспродукт се јајцата и пердувите. Ноевите јајца можат да се користат на ист начин како и јајцата од кокошка, со просечна големина во споредба; 16 кокошкини јајца=1 ноево јајце.

Се тврди дека ноевите произведуват најсилна комерцијално достапна кожа. Ноевото месо е слично со говедското месо, но е со ниска масност и низок холестерол, како и со висок калциум, белковина и железо. Сурово, е темноцрвено или црешово црвена боја, малку потемно од говедското. Градот Аутсхорн во Јужна Африка ја има најголемата популација на ноеви во светот. Фарми и специјализирани центри за одгледување се поставени околу градот како што е Safari Show Farm и Highgate Ostrich Show Farm. Музејот СП Нел е музеј е специјализиран за историјата на ноевите.

Ноевиот перјест бришач на прашина[уреди | уреди извор]

Оригиналниот перјест бришач на прашина е по потекло е дизајнирано во Јоханесбург, Јужна Африка од мисионер и менаџер на фабрика за метли Harry S. Beckner во 1903 година. Ноевиот бришач на прашина е составен од прачка за држење, жица и метален дел кој го жтити врзопот од разврзување и надворешни оштетувања, перјата се врзани во три слоја. Првиот слој е врзан со искривени перја навнатре, за да ја прикријат главата на прачката. Вторите два слоја се со пердувите нанадвор за да ја даде целосната фигура и заштитен дизајн облик во вид на цвет.

Ноевите перја се издржливи, меки и флексибилни, поради кои се покажува успехот на ноевиот перјест бришач на прашина во последните 100 години. Поради тоа што перјата не се затворат меѓусебе и ја има моќта да ствара статичен електрицитет кои ја држи прашината, која после може да се истера или измие. Поради сличноста со човечка коса грижата за ноевиот бришач се сведува на повремено миење со шампон и крпа за глава или фен.

Одгледување ноеви само заради перјата не ја повредува птицата. За време на сезоната на митарење, птиците ги собираат во трло, груба ткаенина им се поставува врз главата за да останат мирни, обучени собирачи на перја собираат перја од птицата кои ќе отпаѓаат. Откако ќе ги извадат перјата им ја тргнуват ткаенината од главата и ги пуштаа во фармата неповредени.

Конзервација[уреди | уреди извор]

Ноевата популација се намали драстично во последните 200 години. Повеќето преживеани птици се во зоолошките и фармите. Имаат конзервативен статус на Least Concern, со околност домет од 12.000.000 km2.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Порано ноевите беа распространети во Африка, северно и јужно од Сахара, источна Африка, Африка јужно од густиот тропско шумски појас и во Мала Азија. Денес, ноевите повеќе ги сакаат отворените земјишта и се населени во саваните и Сахеловиот Појас, на двете страни, северната и јужната екваторска шумска зона. Во југозападна Африка ги населуваат полупустините или вистинските пустини. Ретко одат над 100 m. Арабските Ноеви во блискиот и Средниот Исток ги изловеа до истребување до средината на 20 век.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Најчесто се хранат со семиња, грмушки, трева и друг вид растителна храна, понекогаш јада и инсекти како скакулци. Немајќи заби тие голтаат камчиња кои помагаат како гастролити кои ја дробат голтнатата храна во „гастричната воденица“. Возрасен ној типично носи околу 1 кг камења во неговиот стомак. Ноевите можат да издржат без вода до неколку дена, живејќи од влагата на апсорбираните растенија. Тие ја сакаат водата и честотo се бањаат кога им е достапна. Ноевите се познати по тоа што јадаат речиси се (диетна индискреција), најчесто во заробеништво каде се поголеми шансите.

Ноевите се толерантни на големи варијации од температури. Во големиот дел од живеалиштата, температурите варираат околу 40оC помеѓу денот и ноќта. Нивниот механизам за контрола на температурата е многу по комплексен отколку на другите птици и цицачи, искористувајќи ја голата кожа на горниот дел од ногата и слабините кои можат да бидат покриени од пердуви или оголено според климата, птицата сака да си задржи или намали температура.

Репродукција[уреди | уреди извор]

Ноевите полово созреваат на 2 до 4 годишна возраст; женките созреваат 6 месеци порано од мажјаците. Видот им е iteroparus, со сезона на парење која започнува во март или април и завршува пред септември. Процесот на парење се разликува во различни географски региони. Територијалните мажјаци ќе извикуваат и пискат за да се борат за харем од две до седум женки. Победникот на овие борби ќе ѓи оплоди сите женки во околината, но ќе остане како пар само со доминантната женка. Женката клекнува на земјата, а мажјакот и се искачува на грбот одпозади. Мажјакот потоа замавнува со крилјата, сè додека не ја привлече на партнерката. Ќе се доближат до местото каде ќе се одвива парењето и ќе ги избркаат сите животинки како би имале приватност. Тие се допираат сè додека нивните движења не се синхронизираат, потоа доаѓа хранењето и се случува како ритуал. Мажјакот ќе замавне со крилјата возбудено и почне да колва од земјата со клунот. Ќе почне насилно да замавнува со крилјата симболички да го исчисти гнездото на земјата. Женката потоа трча кругови околу него со спуштени крилја, мажјакот ќе ја сврти главата во спирално движење. Женката ќе си спушти телото на земјата, а мажјакот ќе се смести за копулација. Ноевите се овипари. Женките ќе го лежат оплоденото јајце во едно заедничко гнездо, едноставна дупка длабока 30-60 и широка 3 м, ископана во земјата од мажјаците. Прва женка која ќе го положи јајцето е доминантната женка и кога ќе дојде времето за квачење, таа ќе ги исфрли јајцата од послабите женки, оставајќи 20 јајца. Ноевите се најголеми јајца во споредба со сите птици, а пак во споредба со големината на птицата тие се најмали. Гнездото може да има од 15 до 60 јајца, кои се долги приближно 15 см, 13 см во ширина и тежат околу 1,4 кг. Тие се кремасто сјајни по боја, со тврди кора со мали дупчиња. Во текот на денот женките ги лежат јајцата, мажјаците во текот на ноќта. Со ова тие избегнуваат забележување на гнездата заради специфичната боја на пердувите на женката кое се поклопува на песокот за време на денот, додека мажјакот е скоро незабележлив во текот на ноќта поради црните пердуви. Периодот на инкубација е 35 до 45 дена. Типично, мажјаците ќе ѓи бранат младите пиленца и ќе ѓи учат како и со што да се хранат. Преживување на јајцата во просек е ниско и тоа одприлика едно јајце преживеано од легло. Грабливци на јајцата се хиените, чакалите и грабливците.

Животниот век на нојот е приближно 50 години, но во просек се движи од 30 до 70 години. Ноевите израснати од луѓе, може да не научат како да го насочуваат одварањето спрема други ноеви.

Нојот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Нојот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Struthio camelus. IUCN Red List. Version 3.1. International Union for Conservation of Nature. 2012. Посетено на 17 февруари 2011. BirdLife International (2012). „Ostrich Struthio camelus – BirdLife Species Factsheet“. Data Zone. Посетено на 17 февруари 2011.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Brands, Sheila (14 август 2008). „Systema Naturae 2000 / Classification, Genus Struthio“. Project: The Taxonomicon. Посетено на 4 февруари 2009.[мртва врска]
  3. гајгурДигитален речник на македонскиот јазик
  4. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 20.
  5. YouTube, Danielle Dax Ostrich (пристапено на 18.12.2017)