Астероид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Астероидите, понекогаш наречени и мали планети — небесни тела од нашиот Сончев Систем кои кружат околу Сонцето. Помали се од планетите, но поголеми се од метеороидите.

На 1 јануари 1801 година, Џузепе Пјаци открил објект за кој тој прво мислел дека е комета. Но откако точно му била одредена патеката било јасно дека тоа не е комета, туку повеќе како мала планета. Пјаци ја нарекол Церера, според Римската божица на житото. Во следните неколку години биле откриени уште три такви (Палас, Веста и Јунона). До крајот на деветнаесеттиот век биле откриено неколку стотини. До овој момент има неколку стотици илјади, а секоја година се откриваат по илјада нови.

Астероидните објекти составени од карпи и метали кои кружат околу Сонцето, но се премногу мали за да се сметаат како планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 км во пречник. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак главно се концентрирани во еден регион меѓу орбитите на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас. Некои имаат орбити кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сè уште сведочат бројни кратери на површината на Земјата, но сепак поголемиот дел од нив ги избришала ерозијата.

Постои дебата за класификацијата на астероидите, кометите и месечините. Многу планетарни сателити по ништо не се разликуваат од обичните астероиди. Малите месечини на Марс - Демос и Фобос, дел од сателитите кај сите гасовити џинови во повеќе одлики се слични со астероидите отколку со големите сателити.

Потекло[уреди | уреди извор]

Астероидите се остатоци од материјалот од кој се создал Сончевиот Систем. Една теорија вели дека тие се остатоци од планета која била уништена од судар одамна во минатото. Но научниците сметаат дека според составот и количеството на астероидите, оваа теорија отпаѓа. Пресметано е дека вкупната маса на сите астероиди кога би се собрала во еден објект, тој не би имал ни 1500 км во пречник, речиси двојно помалку од пречникот на Месечината. Во сета таа маса Церера, 933 км во пречник, учествува со 25%.

Голем дел од нашето знаење за астероидите доаѓа од испитувањето на парчињата кои паднале на површината на Земјата. Астероидите кои се на патека со Земјата се наречени метеороиди. Кога метеороид паѓа во атмосферата со голема брзина, при триењето тој се забавува создавајќи светла линија позната како метеор. Ако метеороидот не согори сосема, она што останало паѓа врз Земјата се нарекува метероит.

Класификација[уреди | уреди извор]

Астереоидите се класифицираат според нивниот хемиски состав и според позицијата во Сончевиот Систем.

Класификација според хемискиот состав[уреди | уреди извор]

Астероидите се делат на три основни типови според хемискиот состав и албедото (одразена во однос на упатена светлина):

253 Матилда, астероид од типот C.
  • тип C, такви се повеќе од 75% од сите познати астероиди, составени се од силикати, екстремно се темни (албедо 0,03).
  • тип C, 17%, релативно светли (албедо од 0,1 до 0,22), составени од никел-железо измешани со железни и магнезиум-силикати.
  • тип M, најголемиот дел од останатите, светли (албедо од 0,1 до 0,18), чист никел-железо.
  • Постојат и други типови кои се многу ретки.

Заради различното албедо, различната тежина со која се забележуваат, процентите погоре можеби не ја претставуваат вистинската распределба на астероиди.

Од сите познати метероити, 92,8% се составени од силикатни (карпи), 5,7% железо и никел, а остатокот се мешавина од овие три елементи. Карпестите се многу тешки да се препознаат, бидејќи по ништо не се разликуваат од обичните камења.

Класификација според позицијата во Сончевиот Систем[уреди | уреди извор]

Астероидите се делат и според позицијата во Сончевиот Систем:

Проучување на астероидите[уреди | уреди извор]

Бидејќи астероидите се составени од истиот материјал како Сончевиот Систем во своите рани фази, астрономите се многу заинтересирани за нивно проучување. Вселенските летала кои имаат прелетано низ Главниот Астероиден Појас имаат откриено дека тој е прилично празен, односно дека астероидите се наоѓаат на големи растојанија помеѓу себе. Пред 1991 единствените информации за астероидите ги добивавме од набљудувањата кои ги вршевме од Земјата. Таа година вселенското летало Галилео го посети астероидот 951 Гаспра, со што тој стана првиот астероид од кој имаме фотографии со висока резолуција. Подоцна, во 1993, Галилео повторно прелета близу астероид, но овој пат 243 Ида. Двата се класифицирани како тип S, составени од силикати богати со метали. Од тогаш се извршени уште две прелетувања на астероиди (253 Матилда и 433 Ерос), двете извершени од сондата NEAR (подоцна прекрстена NEAR-Shoemaker).


Керквудови јазови[уреди | уреди извор]

Во главниот астероиден појас постојат релативно празни региони, уште познати и како Керквудови јазови. Ова се региони каде орбиталниот период на астероидот би бил проста дропка со Јупитеровиот. Објект со таква орбита многу е веројатно да биде забрзан од Јупитер и поместен во друга орбита.

Ортов Облак[уреди | уреди извор]

Во 1950 Јан Орт забележал дека ниту една комета нема орбита која индицира дека дошла од меѓуѕвездениот простор, туку дека афелот на сите долго-периодични комети се наоѓа на растојание од околу 50.000 ае и дека нема некоја особена насока од каде доаѓаат. Од ова заклучил дека кометите потекнуваат од голем облак на самиот крај од Сончевиот Систем. Тој облак денес го носи неговото име. Статистички е утврдено дека тој содржи еден билион (милион милиони) јадра на комети. За жал, поради малите димензии на кометите, не постои директен доказ за постоењето на Ортовиот Облак. Тој можеби содржи голем дел од масата во целиот Сончев Систем, можеби дuрi повеќе од Јупитер (сепак ова е само шпекулација!).

Кајперов Појас[уреди | уреди извор]

Кајперовиот Појас е дисковидна област која започнува од зад орбитата на Нептун, од 30 ае, па сè до 100 ае од Сонцето. Тој содржи мали ледени објекти кои се смета дека се јадра на кратко-периодичните комети. Понекогаш врз орбитата на некој објект од појасот гравитациски влијаат џиновските планети така што објектот ја сече орбитата на Нептун. Тогаш многу е веројатно дека Нептун гравитациски ќе го исфрли или надвор од Сончевиот Систем или навнатре, кон џиновските планети, па дури и кон внатрешните делови од системот.

Кентаури[уреди | уреди извор]

Откриени се астероиди т.н. Кентаури коишто ги сечат орбитите на надворешните планети. Нивните орбити се нестабилни и со сигурност во иднина тие ќе се променат. Составот им е многу сличен со кометите од Кјуиперовиот Појас, па затоа се смета дека токму тие некогаш биле исфрлени од Непутн кон џиновските планети. Најголемиот од нив Хирон е околу 170 км во пречник, 20 пати поголем од јадрото на Халеевата Комета. Ако некогаш тргне на пат кон Сонцето, тоа ќе биде навистина спектакуларна комета.

Чудно, но многу е веројатно дека астероидите од Ортовиот Облак, иако денес се наоѓаат подалеку од Кјуиперовиот Појас, биле формирани поблиску до Сонцето. Така е бидејќи малите објекти кои биле формирани близу големите планети биле исфрлени од Сончевиот Систем при блиските средби со „џиновите“. Оние кои не избегале сосема го формирале Ортовиот Облак. Во исто време, оние астероиди кои се формирале подалеку, никогаш не ни биле исфрлени и останале таму каде се „родиле“.

Проценките се дека има барем 35.000 објекти во Кјуиперовиот Појас кои се поголеми од 100 км во пречник, што е неколки стотини пати повеќе (и помасивно) од бројот на објекти во главниот астероиден појас.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Некои астрономи сметаат дека Тритон, Плутон и неговиот сателит Хирон се само примери на најголеми објекти во Кајперовиот Појас.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]