Пророк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Усните на Исаија миропомазани со оган, од Бенџамин Вест.

Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.[1]

Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во Стара Грција, потоа во исламот, и во многу други. Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на XX век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.

Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.[2]

Пророкот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „дефиниција за пророк во онлајн речник“. Архивирано од изворникот на 2012-06-28. Посетено на 2008-12-04.
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 18.
  3. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 141.
  4. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 236.
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 104-105.
  6. Discogs, Bad Brains ‎– Quickness (пристапено на 10.11.2019)
  7. DISCOGS, Public Enemy ‎– It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 25.8.2019)