Полско лутиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полско лутиче
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: Полско лутиче
Научен назив
Ranunculus acris
L.

Полското лутиче (науч. Ranunculus acris) — еден од почестите видови на лутиче ширум Европа и умерените предели на Евроазија. Ова е влакнесто растение со извишени витки стебленца на кои стојат сјајни жолти цветови со пречник од околу 25 мм. На цветот има пет венечни ливчиња на 5 зелени чашкини ливчиња кои пожолтуваат штом ќе се развие растението.

На него има многубројни прашници вметнати под плодницата и цвета од мај до јули. Кај другите членови на овој род, многубројните семиња се присутни во облик на семенки.

Народниот назив „лутиче“ води потекло од фактот што тие знаат да предизвикаат „луто“ чувство на кожата. При ракување со лутичињата треба да се биде претпазлив, бидејќи тие во себе ја содржат состојка ранункулин, која тогаш се разложува и создава протоанемонин, кој може да предизвика воспалувања на кожата. Токсичните материи се разложуваат со сушење, и затоа секакво ракување на суви лутичиња е безбедно.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Blanchan, Neltje (2005). Wild Flowers Worth Knowing. Проект Гутенберг.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]