Западна медоносна пчела

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Медоносна пчела)
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Apis|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Западна медоносна пчела
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Apis
Вид: Западна медоносна пчела
Научен назив
Apis mellifera
Лине, 1758
Subspecies

моментално 29 признаени

Синоними
  • Apis mellifica Linnaeus, 1761
  • Apis gregaria Geoffroy, 1762
  • Apis cerifera Scopoli, 1770
  • Apis daurica Fischer von Waldheim, 1843
  • Apis mellifica germanica Pollmann, 1879
  • Apis mellifica nigrita Lucas, 1882
  • Apis mellifica mellifica lehzeni Buttel-Reepen, 1906 (Unav.)
  • Apis mellifica mellifica silvarum Goetze, 1964 (Unav.)
Западна медоносна пчела

Медоносна пчела (латински: Apis mellifera, Apis mellifica ), или позната како: евроафриканска медоносна пчела, европска медоносна пчела – вид пчела која припаѓа на редот на хименоптера. Од 20 000 познати видови пчели, само шест произведуваат и складираат мед. Четирите видови од нив се одгледувани од страна на човекот, Apis mellifera (евроафриканска медоносна пчела), Apis florea (мала индиска пчела), Apis cerana и Apis dorsata (голема индиска пчела). Тие се одгледувани уште од Стар Египет.

Распространета е низ целиот свет и само овој вид на пчели живее во кошници. Нивните одлики се добро познати, па одгледувачите ги нарекуваат домашни пчели .

Поделба[уреди | уреди извор]

Оваа медоносна пчела се дели на два подвида: црна или темна (Apis mellifera mellifica L.) и жолта (Apis mellifica faciata L. ). Основата за оваа поделба е бојата на пигментот на кутикулите. Подвидовите се поделени на раси или соеви, кои имаат имиња од крајот од каде потекнуваат.

Медоносната пчела има четири основни раси одредени преку бојата на кутикулите, пигментниот индекс, должината на јазикот на пчелите работнички, склоноста кон природно роење, склоноста кон кражба, отпорноста на болести и слично. Тие раси се:

  1. темна европска пчела (Apis mellifica var. mellifica L.)
  2. Кавкаска сива пчела (Apis mellifica var. caucasica Gorb.)
  3. Италијанска пчела (Apis mellifica var. ligustica Spin.)
  4. Крањска пчела (Apis mellifica. var carnica Polm.)

Најзастапени видови[уреди | уреди извор]

Вид Потекло Мед Восок Полен Прополис Матичен млеч Пчелин отров
Apis mellifera Европа, Африка xx xx xx xx xx xx
Apis cerana Азија xx xx x x x x
Apis dorsata Азија xx xx x x x x
Apis florea Азија xx xx x x x x
Apis Meliponinae тропски области xx xx x x
  • x = собрано и произведено од страна на пчелите
  • xx = производи за комерцијален пазар

Потекло и развој[уреди | уреди извор]

Медоносната пчела е вид на инсект која потекнува од Југоисточна Азија (вклучувајќи ги и Филипините ). Првите траги од медоносните пчели се пронајдени на фосил од пред 40 милиони години во текот на еокенскиот период.

Медоносната пчела како најзастапена пчела, веројатно потекнува од тропска Африка од каде се ширела кон Европа и Азија. Исто така е наречена и „западна пчела“. Постојат многу подвидови кои се прилагодиле според нивниот географски и климатски простор.

Циклус на развој[уреди | уреди извор]

Развој на пчелите во денови:

  • работнички: 21-24
  • трутови: 24-32
  • матици: 16-17

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Медоносните пчели живеат во семејства кои се составени од голем број на пчели работнички, чиј број се движи од 10 до 80.000 единки[3], една матица и во сезона на паша од неколку стотици до неколку илјади машки единки - трутови. Пчелата како единка не е способна за живот и како таква брзо пропаѓа.

Пчелното семејство е цврсто изградена заедница, во која работата е хармонично распоредена. Целата работа на единката му служи само на заедницата, така што може да се спореди со организмот каде секоја клетка има своја функција.

Состав на пчелна заедница[уреди | уреди извор]

Општеството на пчели се состои од жени (матица) и машки членови на општеството (трутови).

Матица[уреди | уреди извор]

Орев . Пчеларот додаде жолто место за да ја препознае нејзината возраст.

Матицата е единствената полово зрела жена во групата на пчели, чија задача е да несе јајца и со тоа да се обезбеди опстанок на семејството како и држење на пчелното семејство заедно со лачење на феромон. Од оплодените јајца се развиваат женки (работнички или матици), додека машките (трутовите) се развиваат од неоплодени јајца. Матицата може да снесе 2.500 до 5.000 јајца на ден.

Едно пчелно семејство може да има само една матица. Ако се појават повеќе матици, ќе има поделба на семејството пчели со природно роење или пак конфликт меѓу матиците ривалки, при што ќе остане најсилната и најспособната.

Матицата ја оплодуваат трутовите. За време на животот матицата излегува од кошница само еднаш и исклучително ако дојде до роење. Оплодената матица ги положува јајцата во ќелии од саќето.

Матицата се разликува од пчелата работничка по изгледот: телото на матицата е многу подолго и абдоминалниот дел е поотворен (бронзен) по боја, нозете ѝ се подолги, а грбот ѝ е без влакна. На задните нозе нема корици за одлагање на цветниот прав (како работничките), а формата на нејзиното осило е различна од онаа на работничките.

Матицата во кошницата се движи во правец на Сонцето . Во утринските часови е во источниот дел од кошница, напладне помеѓу централните рамки и во вечерните часови на западната страна.

Пчела работничка[уреди | уреди извор]

Тело на пчела: А- Глава, В- гради и С- абдомен

Пчелата работничка е полово неразвиена пчела. Ги извршува сите задачи во пчелното семејство освен размножувањето: го храни леглото, собира нектар, полен, прополис (пчелна смола), гради саќе, одржува температура и влажност во кошницата, одржува чистота, ја штити кошница од натрапници, ја храни и ја негува матицата, произведува мед, матичен млеч. Животот на пчелата работничка е многу краток и трае од 30 до 45 дена во полната сезона. Само пчелите изведени во втората половина на летото и на есен живеат по неколку месеци за да го одржат пчелното семејство преку зима. Покрај другите органи пчелата има и осило кое им служи за одбрана од сите кои ја загрозуваат неа или пчелното семејство. При убодот преку осилото пчелата вбризгува отров во раната а заедно со осилото останува и кесичката со отров, па затоа пчелата после убодот за кратко време умира.[3]

Трут[уреди | уреди извор]

Трутот е полово развиена машка пчела и една кошница отприлика содржи пет до шестотини. Тие се изведуваат од неоплодени јајца. Целта на машките пчели е да се спарат со матицата.

Нив ги има во пчелното семејство од почетокот на пролетта до есен, додека не престане пашата. Штом престане пашата и пчелното семејство почне да се спрема за зима, пчелите не ги пуштаат трутовите да влезат во кошницата а тие кои се затекнале во кошницата ги тераат во делот каде што нема храна, па така умираат од глад или од студ. Во сандакот трутовите ги има околу еден процент во однос на пчелите работнички. Тие се познаваат по тоа што се поголеми од пчелата работничка, а малку помали од матицата и крилата им се подолги од стомакот што не е случај кај пчелите работнички. Трутовите живеат пет до шест недели, а способни се да ја оплодат матицата после 12 дена од денот на изведувањето кога стануваат полово зрели. После оплодувањето на матицата трутот умира бидејќи половите органи му се откинуваат и остануваат во половите органи на матицата.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. De la Rúa, P., Paxton, R.J., Moritz, R.F.A., Roberts, S., Allen, D.J., Pinto, M.A., Cauia, E., Fontana, P., Kryger, P., Bouga, M., Buechler, R., Costa, C., Crailsheim, K., Meixner, M., Siceanu, A. & Kemp, J.R. (2014). Apis mellifera. IUCN Red List of Threatened Species. 2014: e.T42463639A42463665. Посетено на 23 July 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „Western honey bee“. Црвен список на загрозени видови. 2019. 2019. ISSN 2307-8235. Посетено на 1 May 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 [ https://www.pcela.mk/ Сè за пчелите] на семрежното место на Пчела

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Д-р Хусни Церимагиќ - Пчеларство, трето издание, НИП „Задругар“, Сараево, 1977 година.
  • Славко Јаковлевиќ - Пчеларството, II издание, Белград, 2001 година. бог