Континентална Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Непрекинатото копно на Европа.

Континентална Европа или копнена Европа — непрекинатото копно на континентот Европа, без околните острови.[1]

Во најчеста смисла, поимот ги исклучува континенталните острови грчките острови, Кипар, Малта, Сицилија, Сардинија, Корзика, Балеарските Острови, Велика Британија и Ирска и околните острови како Нова Земја и нордискиот архипелаг, но и недалечните океански острови, меѓу кои Канарските Острови, Мадејра, Азорите, Исланд, Фарските Острови и Свалбард.

Понекогаш од оваа дефиниција се исклучува и Скандинавскиот Полуостров, иако технички тој ѝ припаѓа на копнена Европа, фактичките врски со остатокот од континентот се преку Балтичкото или Северното Море (наспроти мошне обиколниот пат преку северот на полуостровот кај Финска, па на југ преку североисточна Европа).

Старото поимнување на Европа како културна целина ја опфаќало „јадрена Европа“ (гер. Kerneuropa), односно континенталната територија на историското Каролиншко Царство, во кое денес спаѓаат Франција, Италија, Германија (или германојазична Европа) и земјите од Бенелукс (историска Австразија).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Europe“. Merriam Webster Dictionary. Архивирано од изворникот на 22 април 2014. Посетено на 5 мај 2019.