Шун
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Шун (трад. кинески: 舜) бил легендарен водач на древна Кина, еден од Тројцата Возвишени и Петте Цара. Родно име му е Јао Чунгхуа (姚重華). Познат и како Јуји-ши (有虞氏). Шун бил назначен за цар од страна на претходниот цар Јао на 53 годишна возраст, а починал на 100, откога го назначил Ју Велики за свој наследник. Неговата престолнина била Пупан (蒲阪, денешен Шанхси).
Подоцна, Јао и Шун биле предмет на восхит за конфучијанците заради нивните доблести. Шун бил особено познат по својата скромност и почит кон ближните (хсиао 孝).
Познат е и како Шун Велики (大舜) или Ју Шун (虞舜).
[уреди] Видете исто така
| Претходник Јао |
Цар на Кина 2233 п.н.е.-2184 п.н.е. |
Наследник Ју Велики |
