Штипско-кочански дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штипско-кочанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Штипско-кочански дијалект — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во источната група на македонски дијалекти. Овој дијалект се зборува во централниот дел на Источна Македонија, односно во Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Радовиш и околните населени места. Главна одлика на дијалектот е продолжувањето на самогласките.

Особености[уреди | уреди извор]

  • продолжување на самогласките (каде ќе одиш > дека ќе одеш)
  • испуштање или измена на самогласките (полна > пуна-п'на)
  • употреба на предлог (во град > у градо)
  • употреба на архаичната х наместо в (видов > видох)
  • испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато)
  • употребата на зборот говори

Во Кочанската котлина значително се употребува зборот дума, додека во останатите градови, Штип, Радовиш и Пробиштип се користи зборот збори.

  • употребата на зборот бев

Во Штипската околија значително се употребува зборот беше (Јас бев > Јас беше)

штипско-кочански дијалект стандарден македонски
дума говори
  • употреба на зборот домат
штипско-кочански дијалект стандарден македонски
патлиџан домат
  • употреба на зборот степеници
штипско-кочански дијалект стандарден македонски
мердевени степеници
  • употреба на зборот Гума за џвакање - мастика
штипско-кочански дијалект стандарден македонски
сак'з мастика

Лични заменки[уреди | уреди извор]

Еднина[уреди | уреди извор]

  • Ја
  • Ти
  • Он
  • Она
  • Оноа

Множина[уреди | уреди извор]

  • Ниа
  • Виа
  • Тиа, Они

Надворешни врски[уреди | уреди извор]