Штернберг

Координати: 53°42′N 11°49′E / 53.700° СГШ; 11.817° ИГД / 53.700; 11.817
Од Википедија — слободната енциклопедија
Штернберг
Градското собрание во Штернберг
Градското собрание во Штернберг
Градското собрание во Штернберг
Грб на Штернберг
Штернберг во рамките на Германија
Штернберг
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Лудвигслуст-Пархим
Месна заед. Штернбершка Езерска Област
Градоначалник Јохен Квант
Основни податоци
Површина 67,67 км2
Надм. височина 40 м
Население 4.120 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 61 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PCH
Пошт. бр. 19406
Повик. бр. 03847
Портал www.stadt-sternberg.de/
Местоположба на градот Штернберг во рамките на округот Лудвигслуст-Пархим
Карта
Карта
Координати 53°42′N 11°49′E / 53.700° СГШ; 11.817° ИГД / 53.700; 11.817

Штернберг (германски: Sternberg) — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Штернбершка Езерска Област.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа југозападно од Росток, југоисточно од Висмар и североисточно од Шверин. Се наоѓа близу реката Варнов.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот Штернберг бил основан во текот на Источното населување[2] од војводата Прибислав I,[2][3] кој му доделил градски права на градот во 1248.[3] Во близина на градот се наоѓаат остатоци на три поранешни словенски населби. Една од словенските населби е ископана и обновена и служи како отворен музеј за словенскиот период.

Власта над Штернберг била пренесена од Прибислав на принцот на Мекленбург по неговото исфрлање во 1255 година. Штернберг станал омилена резиденција на војводата Хајнрих II во 1310 година. Во 1492 година, 27 Евреи биле запалени на Јуденберг откако биле обвинети за оскрвнување на причесната — непостоечко дело користено во еврејските погроми во текот на средновековниот и ренесансниот период во Европа. На 20 јуни 1549 година, реформацијата била воведена во Мекленбург како последица на специјалниот совет во Штернберг. Во 1628 година, во текот на Триесетгодишната војна, Албрехт фон Валенштајн во градот одржал состанок.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. 2,0 2,1 Foster, Elżbieta; Willich, Cornelia; Kempke, Torsten, уред. (2007). Ortsnamen und Siedlungsentwicklung. Das nördliche Mecklenburg im Früh- und Hochmittelalter. Forschungen zur Geschichte und Kultur des östlichen Mitteleuropa. 31. стр. 42.
  3. 3,0 3,1 Berger, Dieter, уред. (1993). Duden. Geographische Namen in Deutschland. стр. 251.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]