Шопска салата
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Шопската салата е едно од македонските традиционални предјадења, а освен кај нас се карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење коешто жителите го користеле во најразлични јадења.
Името го добива според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.
Состојки [уреди]
Во прилог се прикажани основните состојки за една голема чинија од оваа салата. Количината на салатата се менува во зависност од потребите.
- 500 гр. домати
- 3 главици кромид
- 1 зелена лута пиперка
- 200 грама овчо сирење
Начин на приготвување [уреди]
Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.