Шомпени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика на мешана група од Шомпени во 1886 година

Шомпените или Шом Пен се домородни луѓе населени во внатрешноста на островот Голем Никобар, дел од Индиската унионистичка територија - Андамански и Никобарски острови.

Етимологија и аутоним[уреди | уреди извор]

"Шомпен" најверојатно е погрешен англиски изговор на "Шамхеп", никобарското име за племето. Шомпените што живеат на западната страна од островот самите себеси се нарекуваат Калаи, а оние на источната страна Кејет, секоја група ја нарекува другата како Буавела. [1] Наводот од 1886 дека шомпените се нарекуваат себеси како Шаб Дова не е потврден од страна на современите истражувачи.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Адмиралот Стин Бајл бил првиот кој контактирал со шомпените во 1846 година. Британски офицер Фредерик Адолф д Репсторф, 1876 година ги проучувал јазиците на Никобар и Андаман,[3] при што собрал етнографски и лингвистички податоци. Од тогаш има многу малку информации за шомпените, бидејќи пристапот до Никобарските острови бил ограничен за странските истражувачи после стекнувањето со независност на Индија. [2]

Општество[уреди | уреди извор]

Според индискиот попис од 2001 година, бројот на шомпенската популација инзесувал околу 300 луѓе.[1]

Во доцните 1980-ти шомпените живееле во десетина групи, групите броеле од 2 до 22 лица, распространети низ внатрешноста на островот. [1]

Поради нивниот изолиран начин на живот во внатрешноста на островот, шомпените поминале со помали штети за време на Големиот земјотрес на Суматра и цунами катастрофата од 26 декември 2004 година кој ги опустоши крајбрежните региони населени со Никобари и Индијци. [1]

Јазик[уреди | уреди извор]

Постојат најмалку два шомпенски јазици. Шомпенските јазици се малку познати, најверојатно не се во никаква релација со никобарските јазици, и најверојатно не се во релација ниту меѓу себе, овој вид на јазици се нарекуваат изолатни јазици.[2]

Генетика[уреди | уреди извор]

Група на шомпени во 1886 година.[1]

Проучувањето на митохондра DNA покажало дека генетскиот материјал на шомпените е најблизок до индонезијците. Варијациите на DNA сегменти на Y хромозомот исто така наведува на траги од Аустро-Азијатски народи вклучувајќи ги и Никобарите и Виетнамците, но не и континенталните индијци.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Weber, George. „The Shompen People“. The Andaman Association. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на јануари 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Blench, Robert. „The language of the Shom Pen: a language isolate in the Nicobar islands“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-05-09. Посетено на јануари 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Fr. Ad. deRöepstorff (1874). „Vocabulary of dialects spoken in the Nicobar and Andaman Isles“. Посетено на јануари 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Trivedi, Rajni; T. Sitalaximi, Jheelam Banerjee, Anamika Singh, P. K. Sircar and V. K. Kashyap (март 2006). „Molecular insights into the origins of the Shompen, a declining population of the Nicobar archipelago“. Journal of Human Genetics. 51 (3): 217–226.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]