Шлука бекасина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шлука бекасина
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Gallinago
Вид: Шлука бекасина
Биномен назив
Gallinago gallinago
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

G. g. faroeensis
G. g. gallinago

Синоними

Capella gallinago

Шлуката бекасина (науч. Gallinago gallinago) е мала, набиена крајбрежна птица која потекнува од стариот свет. За време на размножувањето нејзиното живеалиште се мочуриштата, блатата, тундрите и влажните ливади со ниска вегетација низ северна Европа и северна Азија. Таа е птица преселница, со европска популација која мигрира во јужна и западна Европа и во Африка, и азиска, која мигрира во тропска јужна Азија. Оваа птица ја има во Македонија.

Опис[уреди]

G. g. faeroeensis во Исланд
Gallinago gallinago - Јајце

Возрасните птици се долги 25-27 см, имаат распон на крилјата 44-47 см и тежат 80-140 г, а над 180 грама пред миграција. Имаат кратки зеленосиви нозе и многу долг, прав, темен клун (5.5-7 см). Телото им е шарено кафеаво со жолти надолжни линии одозгора и светло одоздола. Имаат темна линија врз окото, со светли линии над и под него. Крилјата му се зашилени.[2][3]

Распространетоста на оваа птица е најголема во однос на другите бекасини. Најблиска е на американската вилсонова бекасина G. delicata од Северна Америка, која до неодамна се сметаше за подвид G. g. delicata на шлуката бекасина. Разликата е во бројот на пердувите на опашката, G. gallinago има 7 пара, а G. delicata има 8; американскиот вид, исто така, има малку потесен бел раб на крајот од крилјата.[4][5]

Има два подвида на шлуката бекасина, G. g. faeroeensis во Исланд, Фарски Острови, Шетландски Острови и Оркни (кои зимуваат во Британија и Ирска), и G. g. gallinago во остатокот од стариот свет.

Живеалиште и однесување[уреди]

G. g. gallinago во Индија

Шлуката бекасина е добро камуфлирана птица, срамежлива и се крие себе си блиску до земјата, во вегетацијата, а летнува само кога ќе ѝ се пријде блиску. Кога летнува, испушта остар звук како скип скип и лета цик-цак за да го збуни натрапникот.[6] Се храни пасејќи и копкајќи по меката кал, истражувајќи и собирајќи ја храната што ќе ја види. Претежно јаде инсекти, црви, но и растенија.[3]

За време на додворувањето, мажјакот го изведува своејот „одвејувачки“ летачки танц, кога лета високо во кругови, а потоа се нурнува надолу и произведува звук како „удирање на тапан“ и вибрира со пердувите на опашката. Овој звук некои го споредуваат со блеење на овци или кози, па оттаму во многу јазици оваа птица се вика „летачка коза“, „рајски овен“ и сл.[6] Шлуката бекасина гнезди на добро скриено место на земја, со легло од 4 темно маслинести, испрскани со кафеави дамки, јајца.[6] Ги инкубира само женката во тек на 18-21 ден. Но, откако ќе се испилат, за нив се грижат обата родитела, секој со по 2 малечки. Тие се оперјуваат по 10-20 дена.[2][3]

Статус[уреди]

Сè на сè, видот не е загрозен. Иако во многу земји е сè уште предмет на спортски лов, и иако му се уништува животната средина, популацијата е во доволно голем број за да не биде загрозен вид. Сепак, и на оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Gallinago gallinago. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/160031051. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Hoyo, J. del, et al., eds. (1996). „Handbook of the Birds of the World, vol. 3“. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 496. ISBN 84-87334-20-2. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Snow, D. W., & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic, Concise Edition (Vol. 1), Oxford University Press, Oxford.
  4. Leader, P. (1999). Identification forum: Common Snipe and Wilson's Snipe Birding World 12(9): 371-4
  5. Reid, M. (2008). Identification of Wilson's and Common Snipe British Birds 101 (4): 189-200.
  6. 6,0 6,1 6,2  Една или повеќе реченици во статијата содржи текст од дело во јавна сопственостSnipe“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.

Надворешни врски[уреди]