Шлезиски германски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долношлезиски јазик
Schläsch
Зборуван во: Полска, Чешка, Германија[1] 
Регион: Долна Шлезија, Чешка, источна Германија.
Вкупно говорници: непознат бр.[1]
Јазично семејство: Индоевропски
 Германски
  Западногермански
   Горногермански
    Средногермански
     Источни средногермански[1]
      Долношлезиски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: gem
ISO 639-3: sli

Долношлезискиот јазик (наречен и само шлезиски) (долношлезиски: Schläsch, германски: Schlesisch) е германски дијалект/јазик кој се зборува во Долна Шлезија. Овој регион денес ѝ припаѓа претежно на југозападна Полска, но зазема дел и од североисточниот дел на Чешка и источна Германија.

Оваа група дијалекти е речиси исчезната.

Германскиот шлезиски дијалект дел од јазичната област источните средногермански јазици со извесни западнословенски влијанија. Веднаш по Втората светска војна Шлезија ѝ припаднала на Полска и веднаш започнало протерувањето на Германците источно од границата Одра-Ниса. Како резултат на ова германската шлезиска култура и јазик речиси исчезнале. Полските власти им забраниле на преостанатите прогонувани Германци да говорат на мајчиниот јазик. Ова до денес останува нерешено прашање и за Полјаците и Германците - главно заради постапките на фашистичка Германија кон Полјаците, и заради присилното истерување и етничко чистење на германскиот народ од поранешните германски територии, кои со Потсдамската спогодба ѝ биле дадени на Полска.

Шлезискиот германски дијалект не е воопшто признаен од полската влада, и покрај тоа што статусот на германското малцинство во Полска е прилично подобрен со падот на комунистичкиот режим во 1991 г. и влегувањето на Полска во Европската Унија. Оваа поголема група дијалекти може да се подели на неколку помали групи на говори: планински шлезиски, југоисточноошлезиски, средношлезски, западноплезиски и холандски. [2] североисточнобемската група исто така му припаѓа на шлезиското говорно подрачје. [3] [4]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Напис на „Етнолог“ (англиски)
  2. Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 138-139
  3. Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 143
  4. Alois Kreller: Wortgeographie des Schönhengster Landes. Kraus, Nendeln 1939, 1979 Kraus, Том 3, стр. 3

Надворешни врски[уреди]