Шишко Менчетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шишко Менчетиќ (14571527) бил поет од 15 век, од Дубровничката Република.

Живот и дело[уреди]

Роден е во благородничко семејство, едно од најмоќните во Дубровник. Како млад припадник на богато и угледно семејство, живеел благороднички живот, весел и безгрижен, неодговорен. Учествувал во многу кафански тепачки, имал многу авантури, двобои кои завршувале со крвави рани, а многу пати е осудуван и затворан, еднаш и на 6 месеци. Ништо не го извлекло од тој распуштен живот, кој подразбирал острина на јазикот, мечот и перото. Сепак, станува дужд (кнез на Дубровник), но никогаш не се откажува од творештвото.

Тој е автор на можеби најубавите љубовни песни во дубровничката книжевност. Под влијание бил на Петрарка: се воспева убавината на саканата која е студена и воздржана, и поради тоа се страда. Кај Менчетиќ тие љубовни мотиви имаат и еротски елементи.

Во подоцнежните години од својот живот создава поезија со религиозни мотиви. Го напуштил концептот на младешката љубов и се свртел кон моралистичко-религиозната книжевност. Никогаш не ја објавил својата поезија. Бил шеф на државата, па не сакал да се споменува неговото минато од младоста. Така, неговото творештво е зачувано во зборникот на Никша Рањина.

Умрел во 1527 година од големата епидемија на чума.

Наводи[уреди]