Шише

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Празно шише

Шише е сад направен најчесто од стакло. Обликот му е таков да има проширено тело, стеснето грло и отвор на врвот од грлото. Шишето е наменет првенствено за држење течност. Шишето може да биде направено и од пластика или метал, додека слични садови од други материјали во македонскиот јазик ретко се именуваат како шише.

Содржината на шишето претежно е течна или полутечна, како што се вода, млеко, алкохолни или безалкохолни пијалоци, зејтин, лекови, мастило и слично.

Други материјали не е практично да се држат во шише заради неговиот облик и стеснетото грло. За таква намена се садови слични на шишето, но со проширено грло или без грло како што е теглата.