Шашави раскази

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шашави ракази е збирка раскази на чешкиот писател Јарослав Хашек, објавена во 2011 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од чешки јазик е направен од Маргарета Карајанова.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката „Шашави ракази“ е објавена како 91 книга од библиотекатаМагма“. Таа има 159 страници и е испечатена во мек повез и со мал формат (21 сантиметар). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-9989-189-94-4. На предната корица е ставена слика од Фернандо Ботеро (Fernando Botero), додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи вкупно 20 раскази, и тоа: 10 раскази плус 10 раскази од циклусот под наслов „Командантот на градот Бугулма“. На крајот од книгата се наоѓа текстот на Карел Косик, насловен како: „Швејк и Бугулма или раѓањето на големиот хумор“, како и освртот врз животот и творештвото на Хашек, под наслов: „Јарослав Хашек - Анархист на 21 век“.[2] Во збирката се поместени следниве раскази:

  • Финансиски проблеми
  • Детален опис на сурова крими приказна
  • Сонот на гимназијалецот Папоушек
  • Кога почнав да пишувам
  • Во друштво на библиофили
  • Сериозна фирма
  • За полицискиот пес и за брачната невера
  • Старецот Јанчар
  • Походот на разбојникот Шејба
  • Психијатриска загатка
  • Командантот на градот Бугулма
  • Аѓутант на командантот на градот
  • Патот на крстот
  • Во стратешки неволји
  • Славните денови на Бугулма
  • Нови опасности
  • Потемкинови села
  • Неволји со заробениците
  • Пред револуционерниот трибунал на источниот фронт
  • Мало несогласување

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јарослав Хашек, Шашави раскази, Темплум, Скопје, 2011.
  2. Јарослав Хашек, Шашави раскази, Темплум, Скопје, 2011.