Шаховски турнир во Нанџинг
Шаховскиот турнир во Нанџинг, познат и како Шаховски турнир Бисерна пролет е шаховски турнир кој се одржува еднаш годишно во Нанџинг, НР Кина. На турнирот учествуваат 6 супер велемајстори, при што секој од нив игра по две партии со секој останат противник, па турнирот добива карактер на Берегровуиот систем. Првиот турнир се одржа во декември 2008, на кој победи Веселин Топалов. Место на одржување на турнирот е хотелот Бисерна пролет во Нанџинг.
Според Силвио Данаилов, менаџерот и тренер на Топалов, овој турнир „со сигурност ќе биде еден од Гренд слем турнирите“, зборови кои се остварија во 2009.[1][2]
Содржина |
Организација [уреди]
Статии од категоријата Шах |
|---|
|
|
| Основи |
|
|
| Теорија |
|
Отворање · Средишница |
| Натпреварувања |
|
Олимпијада |
| Организации |
|
|
| Списоци |
|
Поими · Книги · Партии |
Турнирот е организиран од страна на општината на градот Нанџинг, административниот центар Шах и карти, народната влада на округот Пуку и управата за спорт во Нанџинг.
Спонзори на турнирот се фармацевтската компанија Џангзу Канион, дневниот весник Јангџи и Манделовиот меѓународниот универзитет за претприемништво.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 250.000 €, од кои победникот добива 80.000 €.
Организацијата на турнирот е подржана од страна на ФИДЕ, Европската шаховска федерација и Азиската шаховска федерација.
Турнири [уреди]
2008 [уреди]
Првиот турнир се одржа од 10 до 22 декември 2008, а на отворањето присуствуваа познати шаховски официјални работници, како претседателот на ФИДЕ Кирсан Иљумжинов, претседателот на Европската шаховска федерација Борис Кутин, претседателот на Азиската шаховска федерација Шеих Султан, генералнот секретар на ФИДЕ Лиан Џиронг, но и канадскиот екоомист и добитник на Нобеловата награда за економија Роберт Мандел. На турнирот учествуваа шест шахисти: Веселин Топалов, Василиј Иванчук, Левон Аронјан, Сергеј Мовсесјан, Петар Свидлер и Бу Сјанџи. Со Ело рејтинг од 2751,6 поени, турнирот беше од највисока, 21. категорија и беше најсилниот турнир кој некогаш се одиграл во НР Кина. Победник на турнирот, а со тоа и прв победник во историјата на турнирот беше Веселин Топалов.
-
Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Поени 1
Веселин Топалов* * ½ 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ ½ 7.0 2
Левон Аронјан½ 0 * * ½ ½ ½ ½ 1 1 ½ ½ 5.5 3
Бу Сјанџи½ ½ ½ ½ * * ½ 0 ½ 0 1 1 5.0 4
Петар Свидлер0 0 ½ ½ ½ 1 * * ½ ½ 0 1 4.5 5
Василиј Иванчук½ 0 0 0 ½ 1 ½ ½ * * ½ ½ 4.0 6
Сергеј Мовсесјан½ ½ ½ ½ 0 0 1 0 ½ ½ * * 4.0
2009 [уреди]
Во 2009, турнирот се одржа од 27 септември до 9 октомври. Учествуваа шест супер велемајстори: Веселин Топалов, Магнус Карлсен, Дмитри Јаковенко, Тејмур Раџабов, Петар Леко и Ванг Јуе. Турнирот беше со Ело рејтинг од 2761 поен, повторно од 21. категорија и беше вклучен во Гренд-слем шаховските турнири за сезоната 2009-2010. На турнирот доминираше младиот норвешки велемајстор Магнус Карлсен, кој оствари резултат 8/10, со оценет рејтинг од 3002 поени, највисок во историјата на шаховските турнири.[3]
-
Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Поени С/Б критериум Оценет рејтинг 1
Магнус Карлсен2772 * * 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ 1 1 8.0 3002 2
Веселин Топалов2813 0 ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ 1 ½ 1 5.5 2789 3
Ванг Јуе2736 ½ 0 ½ ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ ½ 4.5 2735 4
Тејмур Раџабов2757 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.0 20.00 2695 5
Петар Леко2762 0 ½ ½ 0 ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.0 19.25 2694 6
Дмитри Јаковенко2742 0 0 ½ 0 ½ ½ ½ 1 ½ ½ * * 4.0 17.25 2698
2010 [уреди]
На турнирот во 2010, кој се одржа од 18 до 30 октомври, учествуваа победникот од претходното издание, Магнус Карлсен, светскиот првак, Вишванатан Ананд, како и Веселин Топалов, Вугар Гашимов, Ванг Јуе и Етјен Бакро.[4] На турнирот, победи Карлсен со поен повеќе од Ананд, со што ја одбрани титулата освоена претходната година.[5]
-
Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Поени С/Б критериум Оценет рејтинг 1
Магнус Карлсен2826 * * ½ ½ 1 ½ 1 1 ½ ½ 1 ½ 7.0 2
Вишванатан Ананд2800 ½ ½ * * 0 1 1 ½ ½ ½ ½ 1 6.0 3
Етјен Бакро2719 0 ½ 1 0 * * ½ 0 1 ½ 1 ½ 5.0 4
Веселин Топалов2803 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.5 20.00 5
Вугар Гашимов2716 ½ ½ ½ ½ 0 ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.5 19.25 6
Банг Јуе2732 0 ½ ½ 0 0 ½ ½ 0 ½ ½ * * 3.0 17.25
Наводи [уреди]
- ↑ Топалов победи повторно (и Бу исто така!) на мрежното место на Chess&Vibes
- ↑ Шагховскиот турнир во нљанџинг стана Гренд-слем Chessdom
- ↑ Магнус, „Црвениот змеј доминира“ во Нанџинг.
- ↑ Nanjing Super Chess Tournament 2010
- ↑ Carlsen wins Pearl Spring 2010, Chessvibes, 29 октомври 2010
Надворешни врски [уреди]
- Официјално мрежно место
- Извештај за турнирот во 2008 на мрежното место на ChessBase
- Извештај за 2009 на мрежното место на ChessBase
- Фотографии од турнирот