Шарл Перо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шарл Перо
ChPerrault.jpg
Portrait (detail) by Philippe Lallemand, 1672
Занимање писател
Жанрови фантастика

Шарл Перо (12 јануари 162816 мај 1703) се смета за зачетник на модерната европска бајка. Адвокат по професија, покажувал жив интерес залитературата во своето време, заедно со неговите браќа Пјер и Клод. Живее во времето на класицизмот.

Активности[уреди]

Со своите демократски уверувања, Шарл Перо се судрил со класицистичката естетска доктрина на Никола Боало. Во тоа време во книжевноста владееле античките мотиви, т.н. висока уметност, правилен класицистички стих. Перо станува против аристократскиот класицизам, бидејќи е за воведување теми од современиот живот. Тргнувајќи од народната инспирација, но и надградувајќи го фолклорот со својот творечки дух, Перо на најдобар можен начин покажува колку се незаобиколни искуствата на народната традиција, се разбира доколку се користат за создавање на оригинални книжевни дела.

Во 1696 година, без потпис ја објавува својата прва сказна со наслов „Заспаната убавица“. Во 1697 година ја објавува и првата книга под наслов „Приказни и бајки од стари времиња со поуки“. Покрај „Заспаната убавица“, во книгата се објавени уште седум бајки: „Црвенкапа“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и други.

Бајките на Шарл Перо се општо прифатени како од децата, така и од возрасните, бидејќи исполнуваат неколку едноставни услови: напишани се едноставно, со убав јазик, со возбудлива содржина и со нескриена морална поука. Она по што се најзначајни бајките на Перо е дека оставиле длабоки траги во сето натамошно творештво за деца. Нивното влијание се чувствува и во книжевната работа на браќата Грим, на Андерсен, Пушкин и други.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: