Шарл Месије

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шарл Месије
фр. Charles Messier
Charles Messier.jpg
Портрет на Шарл Месије
Роден 26 јуни 1730(1730-06-26)
Бадонвије, Франција
Починал 12 април 1817(1817-04-12) (на 86 год.)
Париз, Франција
Живеалиште Париз
Државјанство Француско
Националност Француска
Полиња астрономија
Познат по Месијеов каталог
Поважни награди Крст на Легијата на честа

Шарл Месије (француски: Charles Messier; 26 јуни 1730 - 12 април 1817) — француски астроном, најпознат по неговиот каталог на длабоконебесни објекти како маглини и ѕвездени јата наречени „Месијеови објекти“. Со каталогот Месије сакал да им помогне на набљудувачите и ловците на комети како него да ги разликуваат постојаните и минливите објекти на небото.

Живот[уреди]

Месије е роден во Бадонвије во областа Лорена како десетто од дванаесетте деца на судскиот редар Никола Месије и сопругата Франсоаз Б. Грандблез. Во детството му починале шест браќа и сестри, а во 1741, починал и татко му. Интересот за астрономијата му го поттикнало појавувањето на спектакуларната голема шестопашеста комета во 1744 и затемнувањето на Сонцето на 25 јули 1748. Во 1751 г. се вработил кај Жозеф Никола Делизл, астроном на воената морнарица, кој во него создал навика за подробно запишување на она што го забележувал на небото. Првото документирано набљудување на Месије бил преминот на Меркур на 6 мај 1753.

Во 1764 Месије станал член на Кралското друштво на Британија, во 1769 бил избран за странски член на Кралската шведска академија на науките, а на 30 јуни 1770 е назначен за академик во Француската академија на науките.

Покрај овие објекти, Месије открил и 13 комети[1].

Месијеовиот каталог[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Месијеов каталог.

Првото издание на каталогот содржело 45 објекти 1774 и е објавено во списанието на Француската академија на науките во Париз. Конечната верзија е објавена во 1781 во Connoissance des Temps за 1784 г..[2] Конечниот список на Месијеови објекти пораснал на 103 објекти.

На неколку наврати во периодот од 1921 до 1966, астрономите и историчарите наишле на докази за уште седум објекти забележани од Месије или неговиот помошник, Пјер Мешен, набргу по објавувањето на конечното издание на каталогот. Овие седум објекти (од M104 до M110, се прифатени во астрономијата како „официјални“ Месијеови објектии.

Месијеовите ознаки на објектите, од M1 до M110 се користат и денес, како во професионалната, така и во аматерската астрономија.

Каталогот не е подреден на научна основа или по местоположба, како подоцнежниот Нов општ каталог. Но сепак, Месијеовиот каталог ги опфаќа речиси сите најспектакуларни примероци од петте типа на небесни објкти - дифузни маглини, планетарни маглини, расеани јата, збиени јата и галаксии. Бидејќи Месије ги открил овие објекти со телескоп со релативно мал отвор (околу 102 мм), ова значи дека тие се најсјајните и најпривлечните длабоконебесни објекти што можат да се видат од европско тло. Со тоа Меијеовите објекти се и најпопуларните небесни тела за набљудување и фотографирање кај аматерите со поголема опрема. Покрај ова, речиси сите овие објекти се меѓу најблиските до нас во својата класа, што значи дека се чест предмет на изучување кај професионалците, бидејќи од нив можат да се направат мошне детални и интересни слики.

Многу од објектите во каталогот се откритие на Месијеовиот помошник, Пјер Мешен.

Во негова чест е именуван кратерот Месије на Месечината и астероидот 7359 Месије.

Белешки[уреди]

  1. Катаог на откритија на комети - Мајк Мејер (англиски)
  2. Charles Messier, 1781. Catalogue des Nébuleuses & des amas d'Étoiles. Connoissance des Temps за 1784 г. (обј. 1781), стр. 227-267 [Bibcode: 1781CdT..1784..227M].
    „Изворниот Месијеов каталог од 1781 г.“. „Изворниот Месијеов каталог од 1781 г.“. http://seds.org/messier/xtra/Mcat/mcat1781.html#messier1781. конс. 10 ноември 2007.  (француски)

Извори[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Македонски[уреди]

Англиски[уреди]