Шангај Бејби
| „Шангај Бејби“ | |
| Автор | Веј Хуј |
|---|---|
| Наслов на оригиналот |
(上海宝贝) |
| Преведувач | Bruce Humes |
| Земја | Кина |
| Јазик | англиски |
| Издавач | Robinson Publishing UK |
| Издадена | 2001 |
| Страници | 256 |
| OCLC | 51068741 |
Шангај Бејби е книга од познатата кинеска писателка Веј Хуј.
Тоа е една вистинска приказна за љубовта и страста. Kнига која никого нема да остави рамнодушен. Kнига која ги руши сите предрасуди и јавно говори за животот во кинеското општество на крајот на 20 век. Шангај Бејби е прво и воедно најпровокативно и најконтроверзно дело на авторката Веј Хуј, светски хит преведен на осумнаесет јазици ширум светот. Изразито експлицитно еротски полу-автобиографски роман кој по објавувањето во 1999 година беше забранет во Кина заради провокативните еротски содржини и копии од книгата билe јавно спалени, но сето тоа уште повеќе ја зголемило популарноста на авторката и секако популарноста на нејзината книга. Во 2007 година, по позитивните критики и бараноста на романот од страна на читателите, за романот е направен филм, во режија на Беренгал Пфал и глуми кинеската актерка Bai Линг во главната улога на Коко, растргнатa помеѓу нејзините двајца љубовници, и маченa од страна на нејзиниот измама, нејзиниот недовршен роман и конфликтните чувства кои се вклучени во љубовта, страста и неверството, Коко се обидува да сфати која е таа и што сака од животот.