Предлошка:Portal:Slovenia/Intro

Од Википедија — слободната енциклопедија
Flag of Slovenia
Flag of Slovenia
Coat of Arms of Slovenia
Coat of Arms of Slovenia
Location of Slovenia
Location of Slovenia

Република Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Словенија е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североисток и Австрија на север.

Словенија била дел од поранешна Југославија од 1945 до 1991, кога се изборила за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави. Главен град на државата е Љубљана. Словенија има вкупно 2.053.488 жители, а површина од 20.273 km². На Словенија припаѓа и многу мал дел од Јадранското крајбрежје во должина од 47 km. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја. (Дознајте повеќе...)