Чуњо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чуњо.

Чуњо (кечуански: Ch'uñu) е замрзнат и сув компир кој е традиционална храна за Кечуаните и Ајмарите во Перу и Боливија[1] и денес е присутен во неколку земји во Јужна Америка како на пример Перу, Аргентина или Чиле. Процесот на обработка на компирот е долг пет дена кога компирот се остава на ладна температура за да се замрзне а потоа се остава на сончева топлина да се исуши постепено. Зборот е од кечуанско потекло и значи „замрзнат компир“. Постојат два вида на чуњо, бел и црн чуњо.

Наводи[уреди]

  1. Timothy Johns: With bitter Herbs They Shall Eat it : Chemical ecology and the origins of human diet and medicine, The University of Arizona Press, Tucson 1990, ISBN 0-8165-1023-7, p. 82-84

Видете исто така[уреди]