Чурулин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чурулин
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Чурулинци
Род: Burhinus
Вид: Чурулин
Биномен назив
Burhinus oedicnemus
(Linnaeus, 1758)

Чурулинот (науч. Burhinus oedicnemus) е северен вид птица од фамилијата на чурулинците. Распространет е низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Таа е птица преселница од постудените краеви која мигрира во Африка. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Чурулинот е прилично голема блатна птица иако е со средна големина според стандардите на своето семејство. Должината ѝ се движи од 38 до 46 см, со распон на крилјата од 76 до 88 см и тежина од 290 до 535 грама.[2] Перјето му е со бои од околината во која се вклопува, нозете му се жолти, но впечатлив е неговиот силен црно-жолт клун и големите жолти очи кои потсетуваат на влекачите. Впечатлив е во лет, со црно-белите ознаки на крилјата. Името на родот Burhinus доаѓа од грчкиот bous (секира) и rhis (нос).[3]

Однесување[уреди]

И покрај тоа што е класифициран како блатна птици, чурулинот претпочита суви отворени простори со гола земја. Тој, во голема мера е ноќна птица, особено во сезоната на парење кога ја пее својата гласна ѕвонлива песна чур-ли, туули, тули тули, чуру-чуру ли. Несе 2-3 јајца во гнездото кое го сместува директно на земјата или во мала пукнатинка. Чурулинот се храни со инсекти, други мали без’рбетници и повремено мали влекачи, жаби и глодари.

Подвидови[уреди]

Има 5 подвида од Burhinus oedicnemus:[4]

  • Burhinus oedicnemus distinctus (Bannerman, 1914) Канарски Острови, централни и западни[5]
  • Burhinus oedicnemus harterti Vaurie, 1963
  • Burhinus oedicnemus insularum (Sassi, 1908) Канарски Острови, источни [6]
  • Burhinus oedicnemus oedicnemus (Linnaeus, 1758)
  • Burhinus oedicnemus saharae (Reichenow, 1894)

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Burhinus oedicnemus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003079. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. Jobling, James A (1991). „A Dictionary of Scientific Bird Names“. OUP. ISBN 0-19-854634-3. 
  4. título = Birds of the World -- current valid scientific avian names.
  5. Datos recientes sobre el Alcaraván (Burhinus oedicnemus L. 1758) en la Isla de La Palma (Canarias): notas Recent data on the Stone Curlew (Burhinus oedicnemus) on La Palma (Canary Islands): notes Autores: Rubén Barone Tosco, Felipe Siverio, D. Trujillo Localización: Vieraea: Folia scientarum biologicarum canariensium, ISSN 0210-945X, Nº. 21, 1992 , pag. [168 http://dialnet.unirioja.es/servlet/articulo?codigo=2358445]
  6. Datos recientes sobre el Alcaraván (Burhinus oedicnemus L. 1758) en la Isla de La Palma (Canarias): notas Recent data on the Stone Curlew (Burhinus oedicnemus) on La Palma (Canary Islands): notes Autores: Rubén Barone Tosco, Felipe Siverio, D. Trujillo Localización: Vieraea: Folia scientarum biologicarum canariensium, ISSN 0210-945X, Nº. 21, 1992 , pag. 168

Надворешни врски[уреди]