Човекови права во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сегашната ситуација за човековите права во Европа во целина многумина веруваат дека е добра. Сепак, постојат неколку човекови права кои наводно претставуваат проблем и се однесуваат на проблемите од третманот кон оние што бараат азил преку полициската бруталност па се до различни прекршувања на судските права и слободи на деловните луѓе според бирократските регулаторни подрежими. Одредени европски држави се спомнати во претходните извештаи на Амнести Интернешнал (Amnesty International) за различни човекови права кои се прекршени. Еден од главните обвинети е Белорусија, која што претставува единствената држава во Европа која се смета за ,,авторитарна’’ од страна на Економист. Сите други држави се сметаат дека имаат ,,одредени форми на демократски влади’’, кои или претставуваат ,,целосни демократии’’ или ,,демократии со недоследности’’ или пак претставуваат ,,хибридни режими’’.

Историја на човековите права во Европа[уреди]

Историјата на човековите права во Европа е одбележана со контрадикторна комбинација на законодавството и интелектуалниот напредок од една страна, и прекршувањата на основните човекови права во колониите на европските држави и во самите европски држави од друга страна.

Развој на човековите права пред 1945 година[уреди]

1215: Магна Карта 1367: Законите од Килкени 15 до19 век: Трговија со Африкански робови. 1529: Законите од Литванија. 1550-1551: Бартоломеј де ла Касас дебатира со Хуан Гинес де Сапулвед за човековите права (дебатите од Ваљадолид) 1650-1660: Језуитскиот свештеник Антонио Виеира се бори за човековите права на домородното население на Бразил и добива кралски декрети дека Бразилското домородно население нема да се пороби 1689: Декларација за правата(Bill of Rights). Англија (документ за слободите и правата на субјектите) 1689: Декларација за права(Claim of Right). Шкотска. 1690: Вториот трактат од граѓанскаа влада од Џон Лок Меѓу 1750 година и 1860 година: поголем дел од актите за заградување на територијата на Велика Британија, акти на Парламентот на Обединетото Кралство за заградување на заедничката земја во државата им ги призна правата за приватно сопстевеност. Луѓето често дереа животни на овие полиња кога не биле посадени со житни култури и нивните сопственици продолжија да го прават ова и подоцна. Н.Б. Вообичаеното именување е затворање (анг.Enclosure) но ова не претставуваат истите акти. 1772: Британскиот суд заседаван од Вилијам Мареј, 1 гроф од Менсфилд постави преседан дека ропството нема правна основа. 1781: Укинување на кметството во државите на Хабсбург од императорот Леополд II (во Бохемија (Чешка), Моравија и Австријска Силезија) 1783: Укинување на кметството во првата германска држава, Баден, 1810 Прусија. 1789: Декларација за правата на мажите и на граѓаните, Франција. 1790: Правата на мажите од Томас Пејн. 1794: Франција го укинува ропството. 1802: Франција повторно го воведува ропството. 1804: Кодексот на Наполеон. Франција и француските освојувања под режимот на Наполеон. 1807: Укинување на трговијата со робови од Британија (но не и на ропството). 1832: Британскиот Акт за реформи ги прошири правата на гласање и ги прогласи за законски синдикатите. 1833: Укинување на ропството од Британија. 1845: Уште еден акт на Обединетото Кралство за оградување на имотот кој овозможи за вработување на Комесари за оградување кој ќе можат да го заградат земјиштето без да се поднеси службено барање до Парламентот. Во однос на правата за приватна сопственост за претходно не заграденото земјиште се проширија. 1848: Укинување на ропството од Франција. 1859: На слобода од Џон Стјуарт Мил. 1861: Укинување на кметството во Русија. 1863: Укинување на ропството во Холандија. 1867: Вториот Акт за реформи на Британија ги зголеми правата на гласање до сите мажи кои поседуваат домаќинство во урбаните средини. 1884: Британскиот акт за претставување на луѓето го прошири правото на глас од мажите во градовите до мажите во селските средини. 1906: Финска воведи универзално право на глас на националните избори како прва Европска држава. Во 1917 година ова беше применето и за локалните избори . 1918: Уште еден Акт за претставување на луѓето на Британија беше донесен што ги отстрани сите пречки за гласање на машката популација, овозможувајќи им речиси на сите мажи да гласаат и исто така им овозможи право на глас на жените постари од 30 години доколку тие поседуваат имот. 1932-1945: Холокаустот. Универзалното право на глас се воведе во следниве Европски години во соодветните години:

  • Финска – 1906 година (забелешка: Финска како прва држава во светот им даде парламентарно право на жените во 1906 година. Нов Зеланд им овозможи право на глас на жените пред Финска но не им даде право да бидат кандидатки на избори).
  • Норвешка—1913
  • Данска—1915
  • Исланд—1915
  • Русија—1917
  • Литванија—1917
  • Летонија—1917
  • Естонија—1917
  • По поразот на Централните сили во Првата светска војна
  • Австрија—1918
  • Германија—1918
  • Унгарија—1918
  • Полска—1918
  • Чехословачка—1918
  • Луксембург - 1918
  • Холандија - 1919
  • Шведска—1919
  • Ирска—1922 (стекна независнот)
  • Романија—1923
  • Обединетото Кралство—1928
  • Турција—1930
  • Португалија—1931 (жените го изгубија правото на глас под режимот на Салазар и повторно беше воведено во 1975 година)
  • Шпанија—1931 (но жените го изгубија правото на глас под режимот на Франко и не гласаа се до 1976 година кога беше повторно воведено)
  • Франција—1944
  • Италија- 1946

1945-1984[уреди]

  • 1954–62: Измачување на Французите врз Алжирците за време на Алжирската војна за независнот.
  • 1954-1956: Измачување и убивање на најмалку 50.000 Кенијци, можеби и повеќе, од страна на Британците за време на востанието на Мау Мау.
  • Владата ги санкционира злоупотребата на Човековите права што доведе до масакар во Европа :
  • Парискиот масакар од 1961 година
  • Крвава Недела (1972 година)
  • 1978: Пресуда на Европскиот суд за човекови права дека измачувањето на Британската влада на осомничен член на ИРА претставува ,,сурово и нечовечко однесување.’’

Универзалното право на глас беше воведено во следниве држави во следниве години:

Со основањето на Европскиот комитет за социјални права, човековите права се заштитија од националните закони (Устави...)

Од 1984 година до денес[уреди]

По колапсот и распаѓањето на Советскиот Сојуз, историјата за големи прекшувања на правата на човекот кои се случија на негова територија беа обелоденети. Ситуацијата оттогаш се подобри во поголем дел од поранешните комунистички држави во Европа, главно во оние од Централна Европа. Овие централно-европски држави се усогласија со ЕУ (повеќето од нив станаа и членки на Унијата во 2004 година) и претрпија ригорозни реформи во законите за човекови права, осовено во поглед на слободата на говорот и религијата и заштитата на малцинствата, особено на Ромите. Сепак, поранешните држави од Советскиот Сојуз имаа значително побавен напредок. И покрај тоа што Белорусија стана членка на Советот на Европа, постојани конфликти меѓу сепаратистите од малцинските групи во Кавказот, значеше да речиси сите влади во овие држави донесоа ригорозни закони со цел да се ограничат можностите за појавување на отпор. Во Летонија, државјанството, користењето на мајчиниот јазик и дискриминацијата врз основа на етничка припадност се главните и големи проблеми за руското малцинство во Летонија. Во моментот, една половина од заедницата која зборува руски во Летонија се граѓани на Летонија, додека пак оние кои припаѓаат на другата половина немаат државјанство на која било држава во светот. Тие се дел од посебната правна категорија на ,,нежители на Летонија’’. Во одредени сфери нивниот статус е сличен на оние граѓани на Летонија (на пример – конзуларна подршка во странство) во некои сфери нежителите имаат помали права отколку странците (неодамнешните имигранти од земјите на ЕУ можат да гласаат на општински избори и избори за ЕП но нежителиет на Летонија не можат да гласаат). Од 2004 година повеќето предмети во средното образование за руските малцинства мораа да се учат на летонски. Оваа практика се вика ,,билингвално образование’’. Со текот на годините по воведувањето на билингвалното образование процесот на образование во руските училишта се влоши. Државата не воведе задолжително билангвално образование во училиштата кај летонското мнозинство со цел да спречи исти проблеми за летноските деца. Државата прекина со обуката за наставници кои можат да предаваат на рукси (исклучувајќи ги наставниците по руски јазик и книжевност). Владејачките летонски партии никогаш не ги земаат во предвид мислењата на локалното руско малцинство во процесто на донесување на одлуки во врска со државјанството, јазикот и иднината на училиштат на малцинствата. Демократијата во Летонија е ограничена и по карактер е етничка. Државјаните на Летонија од руско потекло имаат многу малку претставници во повисоките нивоа на државната администрација. Веќе подолг период летонската влада нема избрано министер од руско потекло, ретки исклучоци се руските судии, шефови на владини сектори или професори на државни универзитети. Оваа ситуација е резултат на непишаните правила за етничка наклонетост. Руското малцинство во Летонија е во опаѓање поради емиграцијата и негативниот наталитет. Морталитетот меѓу Русите во Летонија е поголем отколку меѓу Летонците во Летонија или Русите во Русија. Ова може да се објасне со делумно неповолните општествени услови што се појавија во летонските градови, по спроведеното уништување на индустриската економија на почетокот на деведесетите. Самата Белорусија, често се опишува како ,,последната диктатура во Европа’’, и понатаму има шокирачки рекорди во поглед на човековите права, барем во споредба со европските соседи. Печатот е строго цензуриран и контролиран од владата и слободата на говорот и протест се забранети. Иако постнезависните избори во Белорусија ги исполнуваат пошироките форми на демократија, изборните набљудивачи ги опишаа како недоволно убедливи. Русија, самата имаше одредени дискутабилни политики (како што е менување на избраните гувернери со назначени, и цензура на печатот) тврдејќи дека многу од овие мерка се потреби за да се одржи контрола врз нестабилната кавкаска граница, каде се сместени неколку бунтовнички групи. Сепак, таа се смета за демократија и според Економист се смета за ,,хибриден режим’’. По колапсот на комунизмот во Југославија, државата која опстојуваше под моќното владеење на Јосип Броз Тито, неколку држави од која беше составена прогласија независнот. Она што следеше се неколку години на крвави конфликти бидејќи доминантната нација, Србија, се обиде да ги задржи државите сплотени и потоа наместо да се држи до српско населените места од соседните нации со цел да направи ,,Голема Србија’’. Во рамките на самата Србија постоеше конфликт во регионот на Косово, каде што Србите се малцинство. Сегашните шест држави од поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија) се во различни фази на развојот на човековите права. Словенија, која најмалку страдаше во југословенските војни, пристапи кон Европската Унија и се смета дека има добра политика во однос на човековите права. Хрватска, Република Македонија и Црна Гора, кои што создадоа стабилни влади, имаат соодветно ниво за почитување на човековите права со само одредени критики за однесувањето кон српските и албанските малцинства. Хрватска е, исто така, кандидат за ЕУ. Сепак, Босна и Херцеговина и Србија имаат дискутабилен однос кон човековите права. Босна и Херцеговина е целосно раководена од ОН, и косовскиот регион на Србија е исто така е раководен од ОН. Босна и Херцеговина е најразновидна во поглед на етничката припадност од сегашните држави на поранешна Југославија со голем број на Бошњаци, Хрвати и Срби. Токму поради ова беше тешко да се создаде мир во Босна и Херцеговина и го ограничи растот на човековите права. Иако неколку закони се спроведени, нивното раководење пратставува тешка задача. Меѓутоа, Босна и Србија се сметаат како демократски држави од страна на Економист (Босна како ,,хибриден режим’’, а Србија како ,,демократија со недоследност’’). Државите на ЕУ, исто како и Исланд, Норвешка и Швајцарија и Европските микродржави, имаат висок степен на почитување на човековите права. Иднината за членство во ЕУ (кое исто така опфаќа почитување на Европската конвенција за човекови права) поттикна неколку држави да ги подобрат човековите права, осовено Хрватска и Турција и особено за клучните прашања за човековите права како што се слободата на говор и забраната за смртна казна. Сепак, одредени закони донесени во периодите кога владееше стравот од Војна против тероризмот беа осудени дека ги загрозуваат човековите права. Постоеја критики за францускиот закон за секуларност и истакнати религиски симболи во училиштата и франциското законодавство за заштита на јавноста од одредени култни групи. Во ОК се застапува нова Декларација за правата за заштита на поширок домен од економските, политичките, судските, комуникациските и личните права и слободи кои се заштитени со основните закони и конвенции за правата, да се прошират нормалните права и слободи пред законот и за одредени бизнис и економски малцински групи кои досега немаа привилегии, да се зајакне и прошири либералниот општествен ред и воспостави нов независен Врховен суд со надлежност да отфрли владини закони и политики кои ги прекршуваат основните слобода и права.

Познати проблеми[уреди]

Трговија со луѓе[уреди]

Крајот на комунизмот, колапсот на Советскиот Сојуз и Југославија и олеснетите глобални патувања придонесоа за зголемување на бројот на тргвијата со луѓе, каде многу жртви се пренесуваат од едно место на друго за присилна проституција, вршење на тешка работа, земјоделство и домашни услуги. Конфликтите во поранешна Југославија исто така беа клучен фактор во зголемување на трговијата со луѓе во Европа. Проблемот е особено тежок во Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција (овие држави заедно со Тајланд, Јапонија, Израел и САД се сметаат за најчести дестинации за жртвите на трговијата со луѓе од страна на УНОДЦ (Канцеларија на Обединетите Нации за дрога и криминал)). На 16 мај 2005 година Советот на Европа ја усвои Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе. Целта на ковенцијата е да ја спречи трговијата со луѓе и да се бори против трговијата со луѓе. Од 46 земји-членки на Советот на Европа, досега 23 се потписнички на конвенцијата, а сè уште ниту една држава ја нема ратификувано (15 декември 2005 година). Амнести Интернешнл (Amnesty International) ги повика европските држави да ја потпишат и ратификуваат конвенцијата како дел од борбата против трговијата со луѓе.

Јазици на малцинствата[уреди]

Во Словачка, држава со 10 проценти унгарско население, нова закон стапи на сила во врска со користењето на јазикот:

“ Државниот акт за јазици, кој стапи на сила на 1 септември го прави словачкиот јази задолжителен јазик кој треба дасе користи од сите државни службеници, вклучувајќи ги наставниците, докторите за време на извршување на нивните службени дејности. Секој државен службеник кој нема да го почитува законот ќе биде казнет со глоба од 5.000 евра- што претставува еднакво на 12 месечна плата во Словачка, ”

Совет на Европа/Европска Унија[уреди]

Советот на Европа е одговорен за Европската конвенција за човекови права и за Европскиот суд за човекови права. Овие институции ги обврзуваат членовие на Советот на код од човекови права кои, иако строги, се поблаги отколку оние на Универзалната декларација за човековите права. Советот, исто така, ја промовира Европската повелба за регионални јазици и јазици на малцинствата и Европската социјална повелба. Советот на Европа не е дел од институциите на Европската Унија, но се очекува да Европската Унија ја потпише Европската конвеција, а со самото тоа и Советот на ЕУ. ЕУ исто така има одделен документ за човековите права, Повелбата за основните права на Европската Унија. Од март 2007 година, ЕУ основа Агенција за основните права со седиште во Виена (Австрија). Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права е одговорна за промовирање и заштита на човековите права дефинирани во меѓународните договори за човекови права на глбално ниво, но и во Европа. На крајот од 2009 година, високиот комесар отвори регионална канцеларија во Европа чија што цел е да ги промовира и заштитува човековите права во 40 европски држави, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, кандидатките за членство и потенцијалните земји-кандидатки за ЕУ од Балканот, како и Исланд, Норвешка и Турција.