Читачот (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| „Читачот (The Reader)“ |
|
Официјален постер |
|
| Режирано од | Стефен Делдри |
|---|---|
| Продуцент | Антони Мингела Сидни Полак Скот Рудин |
| Сценарист | Дејвид Хер |
| Настапуваат | Кејт Винслет Ралф Финес Дејвид Крос Александра Марија Лара |
| Музика | Нико Мули |
| Дистрибутер | The Weinstein Company |
| Премиера | 10 декември 2008 |
| Времетраење | 124 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | 32 мил. долари |
Читачот англиски: The Reader е американски драма– филм на Стефен Далдри од 2008 год. Филмот е адаптација на германската истоимена новела од 1996 год, од Бербард Шлинк. Филмската адаптација беше пишувана од Дејвид Хер. Ралф Финес и Кејт Винслет беа дел од актерската екипа заедно со младиот актер Дејвид Крос. Ова беше последен филм за продуцентите Антони Мингела и Сидни Полак, и двајцата починаа пред да биде промовиран филмот. Продукцијата започна во Германија во септември 2007 година, а филмот својата американска премиера ја имаше на 10 декември 2008.
Содржина |
Синопсис[уреди]
Приказната се случува во поствоена Германија каде тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да и се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страстна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Хана сака да слуша додека и читаат. Додека тој нејзе и чита од "Одисеја", "Хак Фин" и "Дамата и малото куче", нивната врска се продлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воен криминал на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне повторно Хана, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.
Актерска екипа[уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Кејт Винслет | Хана Шмиц |
| Дејвид Крос | Мајкл Берг |
| Ралф Финес | Мајкл Берг (возрасен) |
| Александра Марија Лара | Илана Мадер |
| Бруно Ганц | Рол |
| Лена Олин | Роуз Мадер |
Награди и номинации[уреди]
66то издание Златен Глобус[уреди]
Најдобар драма филм - номиниран
Најдобра споредна актерка во драма (Кејт Винслет)– победник
Најдобро сценарио (Дејвид Хер) – номиниран
Најдобар режисер во драма (Стефен Далдри) - номиниран
81во издание Оскар[уреди]
Најдобар филм - номиниран
Најдобра актерка во главна улога (Кејт Винслет) - ПОБЕДНИК
Најдобар режисер (Стефен Далдри) - номиниран
Најдобро адаптирано сценарио - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран