Чероки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чироки)
Чероки
ᎠᏂᏴᏫᏯ
Вкупен број на населението

320.000+

Региони со значително население
Јазици
англиски, черокиски
Религии
христијанство (Баптизам и Методисти), ани-кутани и други помали христијански групи.
Поврзани етнички групи
Тискарора, Ирокези, Чероки, Чикасав, Чокто, Мускоги (Крик), и Семиноли.

Чероки (черокиски: a-ni-yv-wi-ya) — домороден народ од Северна Америка, кои до моментот на доаѓање во контакт со Европејците во 16 век, живееле на територија на денешна источна и југоисточна САД. Повеќето од нив се со сила натерани да се иселат кон запад кон висорамнината Озарк во 1830-те години. Тие се едно од племињата кои се сметале за Пет цивилизирани племиња. Според американскиот попис од 2000 година, тие се најголемото од сите 563 сојузни домородни племиња во САД.[1]

Познати Чероки[уреди | уреди извор]

Постојат многумина познати Чероки во американската историја, вклучувајќи го кујунџијата Секвоја, кој го измислил черокиското слоговно писмо.

Џими Хендрикс, гитаристот и пејачот на групата „Џими Хендрикс Експериенс“, има черокиско потекло преку својата баба од страна на мајка му, Нора Роуз Мур.[2] Пијанистот и пејачот Тори Амос исто така има черокиско потекло,[3][4][5] Исто така и Вил Роџерс има черокиско потекло.[6] Американскиот конгресмен Лери МекДоналд од Џорџија, по потекло е Чероки од мајчина страна.

Многумина славни луѓе тврдат дека имаат черокиско потекло, иако не сите од нив можат да го докажат тоа. Меѓу нив се: глумците Кевин Костнер, Џони Деп, Лив Тајлер, Шенон Елизабет, Барт Рејнолдс, Чак Норис, Харизма Карпентер; музичарот Стив Тајлер (од Аеросмит); глумиците Меган Фокс, Кармен Електра и Кетрин Зета Џонс (и покрај фактот што е родена во Велика Британија); пејачот Елвис Присли; пејачките Рита Кулиџ, Тина Тарнер; кошаркарот Чероки Паркс; глумецот Роберт Редфорд и други. Пејачката и глумица Шер се гордеела со своето черокиско потекло од страна на мајка ѝ Џорџија Холт.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Организации[уреди | уреди извор]

Историски документи

Друго

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The American Indian and Alaska Native Population: 2000“ (PDF). Census 2000 Brief. 2002-02-01. Посетено на 2007-03-10.
  2. Michael J. Fairchild, liner notes to Jimi Hendrix: Blues, MCAD-11060, 1994
  3. Broadway Books | Tori Amos: Piece by Piece by Tori Amos and Ann Powers
  4. Hardesty, Greg (25 април 2005). „Tori Amos still inspires devotion in her fans“. Orange County Register. Архивирано од изворникот на 2008-12-07. Посетено на 2008-06-13.
  5. „In Style magazine (US)“. Архивирано од изворникот на 2008-12-07. Посетено на 2009-01-22.
  6. Carter JH. „Father and Cherokee Tradition Molded Will Rogers“. Архивирано од изворникот на 2006-11-10. Посетено на 2007-03-10.