Чинели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чинели
сплеш (splash) чинела Zildjian
сплеш (splash) чинела Zildjian
сплеш (splash) чинела Zildjian
Класификација
Скала

не произведува артикулирани тонови

Сродни инструменти
класични парни или клеш (clash) чинели

Чинелиударни музички инструменти од групата идиофони. Имаат облик на чинија, низ чија средина е провлечена кожа заради полесно држење [1].

Се користат во пар, а најчесто се изработуваат од бронза. Звукот се добива на два начина:

  • 1. со удирање една од друга
  • 2. со удирање со педал, кога стојат на статив

Чинелите се користат во сите оркестри, како придружни инструменти, а поретко како солистички инструменти.

Видови[уреди | уреди извор]

  • Парни чинели (Clash cymbals)
  • Висечки чинели (Suspended cymbal)
    • Рајд (Ride cymbal)
    • Креш (Crash cymbal)
    • Хај-Хет (Hi-hat cymbal)
    • Сплеш (Splash cymbal)
    • Кинески (China cymbal)
    • Црцоречки (Sizzle cymbal)
  • Чинели за на прсти (Finger cymbals)

Генерално, чинелите се со пречник од 14" (инчи) (35,5 см), многу често со 12", 13" или 15". Сплеш чинелите се со пречник од 8" - 13", креш чинелите 14" - 20" и рајд чинелите 20" - 24".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]