Четири класични романи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Четирите класични романи, (кинески: 四大名著, пинјин: sì dà míngzhù, буквално: „Четири големи творби“) се четири романи кои важат за највлијателни дела во кинеска книжевност до појавата на модернизмот. Овие прозни дела се општо познати за сета кинеска јавност, и се напишани во времето на династиите Минг и Чинг.

Делата важат за едни од најстарите и најдолгите романи во светот и се сметаат за врв на класичното кинеско прозно творештво. Извршиле влијание врз многу творби како раскази, драмски дела, филмови, игри и др. ширум источна Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам.

Дела[уреди]

По хронолошки редослед, делата се следниве:

Македонски Кинески (упр.) Кинески (трад.) Пинјин Мак. тр. Автор Период
Разбојници од крајбрежјето 水浒传 水滸傳 Shuǐhǔ Zhuàn Шујху џуан Ше Најан[1] XIV век
Повест за три кралства 三国演义 三國演義 Sānguó Yǎnyì Сангуо јенји Луо Гуангџунг XIV век
Патешествие на запад 西游记 西遊記 Xī Yóu Jì Сји јоу џи Ву Ченген XVI век
Сон во црвената одаја 红楼梦 紅樓夢 Hóng Lóu Mèng Хунг лоу менг Цао Сјуечин XVIII век

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Некои сметаат дека делото е целосно или барем делумно напишано од друг автор како Лио Гуангџунг (авторот на „Повест за три кралства“), Ше Хуј (施惠) и Гуо Сјин (郭勛).

Надворешни врски[уреди]