Честотомер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Механички резонантен електромагнетен честотомер

Честотомер или фреквенцметарелектронски мерен инструмент кој ја покажува честотата (фреквенцијата) на периодичен електричен сигнал.

Ова е уред за мерење на повторувањата во единица време (вообичаено во секунда) на целосен електромагнетен бран. Се користат различни видови на честотомери. Бројни се инструментите со отклон (дефлексија) кои вообичаено се користат за мерење ниски честоти, но можат да се користат за честоти до 900 Hz. Истите функционираат на принцип на балансирање на две спротивставени сили. Промените во честотата која треба да се мери предизвикуваат промена во овој баланс што може да се измери со отклон на стрелката на скалата. Постојат два вида на честотомери, уреди со електрична резонанција и рациометри. Едноставен пример на уред со електрична резонанција е инструмент со подвижна намотка. Во една верзија, овој уред има две намотки наместени на различни честоти и споени под прав агол на таков начин што целиот елемент, со стрелката, може да се движи. Честотите во средината на скалата на инструментот значи дека струите во двете намотки се приближно еднакви и стрелката е во средината на скалата. Промените на честотата предизвикуваат дисбаланс на струите во двете намотки што на крајот резултира со придвижување на стрелката.