Чарлс Лудвиг Доџсон
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Чарлс Лудвиг Доџсон | |
| Псевдоним | Луис Керол |
|---|---|
| Занимање | Писател, математичар, англикански свештеник, фотограф |
| Националност | Британец |
| Жанрови | Детска литература, литература на фантастичното, поезија, литературна бессмислица |
| Значајни дела | Авантурите на Алиса во земјата на чудата, Низ огледалото, Ловењето на снаркот, Џабервоки |
Чарлс Лудвиг Доџсон ; (27 јануари 1832 – 14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол, бил англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „Авантурите на Алиса во земјата на чудата“ и неговото продолжение „Низ Огледалото“, како и поемите „Ловењето на снаркот“ и „Џабервоки“, сите во улога на примери за литературна бессмислица (literary nonsense). Тој е познат по способноста лесно да си игра со зборовите, логиката и фантазијата, и постојат цели друштва во многу делови на светот, вклучувајќи ги и Велика Британија, Јапонија, Соединетите американски држави, како и Нов Зеланд кои се посветени на уживањето во неговите дела и нивното промовирање, како и проучување на неговиот живот.
Содржина |
Предци [уреди]
Семејството на Доџсон претежно потекнувало од северна Англија, со некои ирски корени. Конзервативни и високо англикански, многу од предците на Доџсон биле или офицери во војската или англикански свештеници. Неговиот прадедо, исто така Чарлс Доџсон, се искачил низ црковната хиерархија до местото на бискуп. Неговиот дедо, вториот Чарлс, бил капетан во војска,кој бил убиен во акција во 1803 година кога неговите двајца синови биле штотуку родени. Неговата мајка се викала Френсис Џејн Лутвиг. [1]
Најстариот од овие синови - уште еден Чарлс – бил таткото на Керол. Тој се посветил на другиот семеен бизнис и дал свештеничка заклетва. Го посетувал средното училиште „Рагби“ , и од таму продолжил на универзитетот Крајст Чрч во Оксфорд. Тој имал голем талент за математика и добил највисоки дипломски отцени по два предмета кои претставувале увертира во една успешна академска кариера. Но тој се оженил со својата прва братучетка во 1827 година и станал околиски пастор.[2]
Таткото на младиот Чарлс бил активен и доста конзервативен свештеник на Англиканската црква кој бил вклучен, со големо влијание, во интензивните религиозни спорови кои ја разединувале Англиканската црква. Бил наклонет кој високо англиканската црква, а особено кон англо католицизам, обожавател на Џон Хенри Њуман и трактаријанското движење, и со сите сили се обидувал да ги наметне овие видувања на неговите деца. Меѓутоа младиот Чарлс, во целост ќе разве една замрсена врска со вредностите на неговиот татко и Англиканската црква. [3]
Додсон е роден во малата парохија Дарсбури, близу Варингтон, Чешир, како најстар син, но веќе трето дете од четири и пол-годишниот брак. По него се родиле уште осум други деца. Кога Чарлс бил единаесет години, на татко му била дадена бенефиција на живеење во пространата парохија Крофтонтиз во Северен Јоркшир, и целото семејство се преселило таму. Тука останале да живеат во наредните дваесет и пет години.
Образование [уреди]
Рагби [уреди]
За време на својата најрана младост, младиот Додсон бил школуван дома. Неговите „списоци со лектири“, биле зачувани во семејството како доказ за неговата голема интелегенција: на седумгодишна возраст тој го читал делото „Патувањето на Аџијата“. Тој исто така страдал од пелтечење - како и неговите браќа и сестри - кое низ годините често влијаело на неговиот социјален живот. На дванаесет тој бил испратен во едно далечно мало приватно училиште во близина на Ричмонд (сега дел од школата Ричмонд), каде се верува дека бил среќен и спокоен. Но, во 1846, младиот Додсон го продолжил своето образование во школата Рагби, каде што не бил толку среќен, како што самиот напишал по неколку години, по напуштањето на училиштето:
Не можам да речам ... дека било кои земски размислувања би ме натерале повторно да поминам низ моите три години... Јас искрено можам да кажам дека ако би можел да сум ... безбеден од досадата во ноќта, би било многу полесно да се поднесат потешкотиите од секојдневниот живот. [4]
Сепак тој во учењето се истакнувал со очигледна леснотија. "Не сум подучувал некое момче во неговите години кое ветувало повеќе откако дојдов во Рагби", забележал Р.Б.Мајор, професор по математика.[4]
Оксфорд [уреди]
Тој го напуштил Рагби на крајот на 1849 година и, по еден замаглен временски интервал продолжил во Оксфорд, во јануари 1851 година, и таму студирал на стариот колеџ на неговиот татко, „Краист Чрч“. По само два дена поминати во Оксфорд, тој бил повикан дома. Неговата мајка починала од "воспаление на мозокот" - можеби менингитис или мозочен удар - на четириесет и седум годишна возраст. [2]
Неговата рана академска кариера скршнувала помеѓу големи ветувања и неодоливи искушенија. Тој несекогаш работел напорно, но бил исклучително надарен и затоа со леснотија постигнувал успеси.Во 1852 тој поминал одлично на првиот дел од испитите за добивање диплома и набрзо бил номиниран и за стипендија од стар пријател на неговиот татко, Канон Едвард Паси. Меѓутоа, малку подоцна тој ја изгубил важната стипендија, поради неговата самопрогласена неспособност да се посвети на учењето И покрај тоа, неговиот талент како математичар му помогнал да го добие местото на професор по математика на Крајст Чрч, место на кое тој останал наредните дваесет и шест години. Приходите му биле задоволителни, но работата здодевна. Многу од неговите ученици биле постари и побогати од него, и речиси сите биле незаинтересирани. Сепак, и покрај првобитната несреќност, Додсон ќе остане во Крајст Чрч, во различни функции, се до неговата смрт.[5]
Карактер и изглед [уреди]
Здравствени проблеми [уреди]
Младиот Чарлс Додсон бил опишан како висок околу два метри, строен, и според многу привлечен, со кадрава кафена коса и сини или сиви очи (во зависност од околностите). Во подоцнежните години бил опишан како малку асиметричен и со здвено и несмасно држење, иако ова можеби е последица на повреда на коленото со која се здобил како средновечен човек. Кога бил многу мало дете, тој преживеал треска која предизвикала глувост на едното уво. На седумнаесетгодишна возраст, тој доживеал сериозен напад на црна кашлица, која веројатно била причината за хроничната слабост во градниот кош во подоцнежниот живот. Уште еден недостаток кој го пренел во зрелоста било она, кое тој го нарекувал своја „неодлучност“ , пелтечење кое го стекнал во раното детство и кое го следело низ целиот негов живот.[6]
Пелтечењето секогаш било силен дел од идеите на Додсон, се верува дека тој пелтечел само во друштво на возрасни, додека во друштво на деца зборувал течно и слободно, но не постојат докази кои би го потврдиле ова.[7] Многу деца кои го познавале се сеќаваат на пелтечењето, додека многу возрасни не го ни забележале. Се чини дека Додсон самиот бил многу посвесен за ова отколку повеќето луѓе кои ги среќавал, се вели дека тој самиот се карикирал како Додото во Авантурите на Алиса во земјата на чудата, во однос на неговите потешкотии да го изговори своето презиме, но ова е еден од многуте факти кои биле често прекажувани но за кои не постојат првостепени докази. Тој навистина се доживувал себеси како додото, но дека тоа е поради неговото пелтечење е само шпекулација. [5]
Иако пелтечењето му пречело на Додсон, никогаш не било толку обесхрабрувачко за да би го спречило да ги користи другите лични квалитети за да остави добар впечаток во друштвото. Во време кога луѓето вообичаено сами смислувале свои начини на забава, и кога за пеење и рецитирање биле потребни социјалните вештини, младиот Додсон бил добро опремен за да го одржи вниманието на публиката. Тој, наводно, можел да пее прилично добро и не се плаши да го прави тоа пред публика. Бил вешт во мимикрија и раскажување приказни, и бил доста добар во пантонима. [6]
Уметнички активности [уреди]
Литература [уреди]
Уште од рана возраст, Додсон пишувал поезија и раскази и двете претставувале голем дел од содржината на семејното списание „Мишмаш“, а подоцна и ги испраќал до разни списанија притоа уживајќи просечен успех. Помеѓу 1854 и 1856, неговата работа се појави во националните изданија, „Комик Тајмс“ и „Возот“, како и помали списанија како „Витби Газета“ и „Оксфордски Критичар“. Повеќето од овие дела се хумористични, понекогаш и сатирични, но неговите стандарди и амбиции биле строги. „Јас не мислам дека досега имам напишано нешто достојно за вистинско објавување (невбројувајќи ги Витби Газета и Оксонианскиот Огласник), но не очајувам дека тоа нема да се случи некогаш ", напишал тој во јули 1855 година.[6]
Во 1856 тој го објавил своето прво дело под името кое ќе го прослави. Романтичната песна наречена "Самотија" се појавила во списанието „Воз“ под авторство на „Луис Керол." Овој псевдоним бил изведен од неговото вистинско име; Луис бил англканизирана верзија на Лудовикус, латинското име за Лутвиг, а Керол било ирско презиме слично на латинското име Каролус, од кое доаѓа името Чарлс.[2]
Алиса [уреди]
Во истата година, 1856, во Крајст Чрч пристигнал нов декан нов декан, Хенри Лидел, носејќи со себе својата млада фамилија, која ќе има голема улога во животот на Додсон и, во текот на наредните години, во голема мера ќе влијае на неговата писателска кариера. Додсон станал близок пријател со сопругата на Лидел, Лорина, и нивните деца, особено со трите сестри: Лорина, Едит и Алиса Лидел. Долго време се претпоставувало дека тој ја создал неговата „Алиса“ според Алиса Лидел. Оваа теорија имала и своја очигледна основа во фактот дека акростихот во поемата на крајот на „Низ Огледалото“ го испишува нејзиното име, и дека има многу површни упатувања на неа скриени во текстот на двете книги. Додека самиот Додсон во подоцнежниот живот постојано негирал дека неговата "мала хероина" е создадена според кое било дете,[8][9] често се случувало да ги посвети своите дела на некои девојчиња кои ги познавал, и додавајќи нивните имиња во акростих на почетокот на текстот. Името на Гертруда Чатвеј се појавува на овој начин на почетокот на „Ловењето на снаркот“, и никој досега не тврдел дека некој од ликовите во дејствието се базирани на неа.[9]
Пред да се случи тоа, семејството на неговиот пријател и ментор Џорџ Мекдоналд го прочитало нецелосниот ракопис на Додсон и ентузијазмот на неговите деца го охрабриле Додсон да побара издавач. Во 1863 година, го однел незавршениот ракопис на издавачот Макмилан, на кого веднаш му се допаднала. Откако неколкуте можни наслови како „ Алиса кај самовилите“ и „Златниот час на Алиса“ биле отфрлени, делото конечно било објавено во 1865 година под името Авантурите на Алиса во земјата на чудата потпишано со псевдонимот Луис Керол, истиот што Додсон за прв пат го употребил пред некои девет години.[10] Овој пат илустрациите биле од Сер Џон Тениел. Досон очигледно верува дека едно објавено дело побарувало вештини на професионален уметник.
Огромниот комерцијален успех на првата книга за Алиса го изменила животот на Додсон на многу начини. Славата на неговото алтер его "Луис Керол" наскоро се проширила низ целиот свет. Тој бил затрупан со писма од обожаватели и со понекогаш несакано внимание. Така според една популарна приказна која декади подоцна Додсон ја демантирал, Кралицата Викторија толку уживала во Алиса во земјата на чудата, што му предложила да и ја посвети наредната негова книга, и следствено на тоа и било дадено неговото наредно дело, научен том именуван Трактат за детерминанти.[11][12] Тој исто така почнал да заработува доста големи износи на пари. Меѓутоа, тој го задржал своето навидум омразено место на Крајст Чрч.[10]
При крајот на 1871, било објавено продолжението – Низ огледалото и што најде таму Алиса. (На насловната страница на првото издание по грешка пишува „1872“, за датумот на објавување).[13]) Нејзинота помрачна атмосвера веројатно ги одразува промените во животот на Додсон. Неговиот татко починал брзо пред ова (1868), фрлајќи го во депрезија која траела неколку години.[10]
Ловењето на снаркот [уреди]
Во 1876 година, Додсон го создал неговото последно големо дело, Ловењето на снаркот, фантастична и шеговита бессмислена поема, која ги опишувала авантурите на еден бизарен екипаж од разновидни несоодветни луѓе и еден дабар, кои тргнале да го најдат истоименото суштество. Се верува дека сликарот Данте Габриел Розети бил убеден дека поемата била напишана за него.[10]
Фотографија [уреди]
Во 1856, Додсон започнал да се занимава со нова уметност – фотографија - прво под влијание на својот чичко Скефингтон Лутвиг а подоцна и неговиот пријател од Оксфорд, Реџиналд Саутхеј.
Тој наскоро брилирал во оваа уметност и станал познат фотограф, и се верува дека тој во младоста дури и размислувал за идеата да заработува на тој начин.[10]
Една неодамнешна студија од Роџер Тејлор и Едвард Вејклинг[14] исцрпно ги набројува сите постоечки фотографии, и Тејлор пресметал дека над педесет проценти од неговите зачувани дела насликуваат портрети на мали девојчиња, иако ова може да е неточен податок, бидејки 60% од неговото оригинално фотографско портфолио сеуште не се пронајдени така што тешко е да се донесат какви било заклучоци.Додсон исто така направил многу портрети на мажи, жени, момчиња и пејсажи; неговите предмети на истражување исто така, вклучувале и скелети, кукли, кучиња, статуи и слики, и дрвја. Долго време се сметало дека неговите акти на деца биле изгубени, но од тогаш се појавиле шест од кои пет биле објавени и се достапни на интернет.[15]
Исто така фотографијата за негопретставувала сигурен начин за тој да се искачи во повисоките општествени кругови. Во најпродуктивниот дел од неговата кариера, тој направил портрети на истакнати луѓе во тој период, како Џон Еверет Милеис, Елен Тери, Данте Габриел Розети, Јулија Маргарет Камерон, Мајкл Фарадеј и Алфред, Лорд Тенисон.[10]
Додсон ненадејно престанал со фотографија во 1880 година. Во текот на дваесет и четири години, тој целосно го совладал овој медиум, основал сопствено студиот на покривот на Том Квејд, и создал околу 3.000 слики.Помалку од 1.000 го преживеале природното и намернот уништување.Неговите причини за напуштањето на фотографијата остануваат непознати.
Со доаѓањето на модернизмот, се смениле вкусовите, и неговите фотографии биле заборавени од 1920 до 1960 година.Меѓутоа неговите книжевни дела имале влијание на надреализмот, вклучувајќи го театарот на апсурдот.[се бара извор]
Пронајдоци [уреди]
За да го поттикне пишувањето на писма, во 1889 година Додсон ја создал Чудесната кутија за поштенски марки. Ова била папка со платнен повез, со дванаесет прегради, од кои две биле за чување на тогаш најчесто користената марка од едно пени (1d), а секоја од останатите за тогашните валути до еден шилинг (1s). Папката потоа била ставена во посебна кутија која на предниот дел била украсена со слика од Алиса и Чеширската Мачка на задниот. Истата можела без практично да се носи во џеб или ташна. Кога за прв пат се појавила на пазарот, со неа се добивала и копија од предавањето на Керол, во форма на брошура, насловенао „Осум-девет мудри мисли за пишувањето на писма“.[16][17]
Друг негов пронајдок бил плочка за пишување за ноќна употреба, наречена никтограф, која овозможувала да запишување на белешки отстранувајќи ја потребата да се стане од креветот за да запишеме идеја со која ненадејно сме се разбудиле. Направата била составена од калап табличка поделена на шеснаесет квадрати и систем од симболи кои се однесувале на азбука смислена од Додсон.
Меѓу игрите кои ги смислил тој, покрај логичките, постојат и неколку игри со зборови, вклучувајки рана верзија на играта која денес е позната како Скрабл. Тој, исто така, се мисли дека ја смислил, или барем ја направил популарна играта Зборовна Скала (или "дублет", како што била позната првично); вид на мозгалка која е популарна и денес: играта со менување на еден збор во друг со изменување на една по една буква, и секокја промена на зборот треба направи постоечки збор. На пример, англискиот збор САТ (мачка) е трансформиран во DOG (куче) со следниве чекори: САТ (мачка), COT (кошара), DOT (точка), DOG (куче).[10]
Други нешта кои тој ги пронашол се: формула за дознавање во кој ден од неделата се паѓа некој датум; начин за правилно порамнување на маргините на машината за куцање; направа за управување со велоциам (вид на трицикл); нови системи на парламентарна застапеност; [18] пофер правила за елиминација на тениските турнири; нов начин за платежна поштенска нарачка; правила за проценување на поштата; правила за победа во кладењето; правила за делење на некој број со неколку делители; картонска вага за главната просторија во факутетот каде тој работел во неговиот подоцен живот, која кога доближена до чаша покажувала колку алкохол треба да се наполни во чашата за парите кои се платени; двострани лепливи ленти за на пример затворање на плика или прикачување нешта во книга; направа со која еден инвалид кој е прикован за креветот би можел да чита книга поставена настрана; најмалку две шифри за криптографија.[10]
Математика [уреди]
Во рамките на академската дисциплина - математика, Додсон работел првенствено во областа на геометријата, матрична алгебра и математичката логика, и напишал скоро десетина книги. Неговите придонеси во математиката не се сметаат за многу значајни. Додсон, исто така, развивил нови теории во проучувањето на изборите и комисиите. Тој работел како професор по математика на Оксфорд, работно место кое му овозможило одредена финансиска сигурност.
Филозофија [уреди]
Во 1895 година, Додсон дошол до филозофски регрес - заклучок врз основа на дедуктивното расудување во неговиот напис „Што му рече желката на Ахил“, кој се појавил во еден од првите изданија на филозофскиот весник „Ум“. Статијата била повторно испечатена во истиот весник сто години подоцна, во 1995 година, со дополнителен натпис од Симон Блекбурн насловен Практично желкино расудување.[19]
Подоцни години [уреди]
Во останатите дваесет години од неговиот живот, преку неговото растечко богатството и слава, неговиот живот се променил многу малку.Тој продолжил да предава во Крајст Чрч до 1881 година, и останал таму до неговата смрт. Неговиот последен роман во два тома, Силвија и Бруно, бил објавен во 1889 и 1893. Тој не постигнал ни приближно таков успех како книгите за Алиса. Неговата комплексност очигледно не била ценета од страна на тогашните читатели, и критиките и неговата продажба, само 13 000 копии, биле разочарувачки.[20][21]
Единствената прилика во која (колку што е познато) тој патувал во странство била посетата на Русија во 1867 година, која тој ја раскажува во својот „Руски дневник“, кој за првпат бил комерцијално објавен во 1935 година.[22]
Тој починал на 14 јануари 1898 година во домот на неговата сестра, „Костените“ во Гилдфорд, од пневмонија проследена со грип. Тогаш недостигале 2 недели пред да наполни 66 години. Погребан е во Гилдфорд во „Моунт семетери“. [10]
Контроверзија и мистерии [уреди]
Свештенство [уреди]
Додсон бил подготвуван за ракоположување на свештенство во Англиканската Цркваод многу рана возраст и се очекувало, како услов за неговиот престој во Крајст Чрч, тој да положи света заклетва во рок од 4 години по добивањето на магистерстата титула.Меѓутоа тој станал очигледно неволен да го направи тоа. Тој го одложувал процесот за некое време, но на крајот положил света заклетва за ѓакон на 22 декември 1861. Но по една година, кога дошло времето тој да премине во свештеничките редови, Додсон поднел молба ,до деканот, за да не продолжи со истото.Ова било против правилата на колеџот, и деканот Лидел му кажал дека прво ќе треба да се консултира со владеачкото тело на колеџот, нешто што без сомневање ќе резултирало во отказ. Меѓутоа, од непознати причини, деканот Лидел ненадејно се предомислил и дозволил Додсон да остане во колеџот, и покрај правилата.[23] Додсон бил единствениот помеѓу постарите студенти во тоа време, кој никогаш не станал вештеник.
Моментално нема доволно докази поради која причина Додсон го одбил свештенството. Некои велат дека неговото пелтечење го поколебало да го направи тој чекор, бидејќи се плашел од самото проповедање.[24] Вилсон[25] цитира писма од Додсон во кои тој кажува дека му било потешко да чита лекции и молитви откулку да проповеда со свои зборови. Но Додсон всушност проповедал во подоцнежниот живот, не, иако во улогата на свештеник, не изгледа веројатно дека неговата говорна мана била голем фактор во изборот.[се бара извор] Вилсон, исто така, посочува дека тогашниот бискуп на Оксфорд, Самоил Вилберфорс, кој го ракоположил Додсон, строго се противел на тоа членовите на свештенството да го посетуваат театарот, кој бил еден од најголемите интереси на Додсон. Други пак велат дека тој имал сериозни сомневања околу Англиканската црква.[се бара извор] Познато е дека тој бил заинтересиран за малцинските гранки на христијанството (тој бил обожавател на Ф.Д. Морис) и "алтернативните" религии (теософија).[26] Во ова време Додсон станал длабоко вознемирен од необјаснето чувство на грев и вина (на почетокот од 1860-тите), и често во неговите дневнички записи го осликувал неговото мислење дека е "срамен и безвреден" грешник, недостоен на свештенството,[27],и ова чувство за грев и недостојност можело да имаат влијание врз неговата одлука да се откаже од свештенството.
Исчезнатите дневници [уреди]
Исчезнати се најмалку четири завршени тома[28] and around seven pages[29] и окулу седум страници со текст од 13те дневници на Додсон. Губењето на томовите останува необјаснето; страниците се намерно отстранети од непознатата рака. Поголемиот број на научници претпоставуваатдека дневничкиот материјал бил отстранет од членовите на семејството во интерес на зачувување на семејното име, но ова не е докажано.[30] Освен за една страница, периодот кој неговите дневници го опфаќаат е помеѓу 1853 и 1863 (кога Додсон бил 22-32 години).[31][32]
Многу теории се предложени кои даваат објаснение за материјалот кој недостасува. Едно популарно објаснување за една посебна страна која недостига (27 јуни 1863 година) е дека можеби била откината да се сокрие верувањето дека Додсон на тој ден и предложил брак на 11-годишната Алиса Лидел. Меѓутоа никогаш не постоеле докази за да го докажат ова, и еден документ[33] кој бил откриен од Каронина Лич во архивата на семејството Додсон во 1996 година, го покажува сосема спротивното.
Овој документ, познат како "отсечените страници во дневникот - документ", бил составен од неколку членови на семејството на Керол по неговата смрт. Постои можност дел од него да бил напишан во времето кога страниците биле уништени, иако ова не е сигурно . Документот нуди кратко резиме на две страници од документот кои сега недостигаат, вклучувајќи ја и онаа за 27 јуни 1863 година. Резимето за оваа страница наведува дека Госпоѓа Лидел му рекла на Додсон дека се шират озборувања за него и гувернантата на семејството Лидел, како и за неговиот однос со "Ина", се претпоставува дека се работи за постарата сестра на Аалиса, Лорина Лидел. "Раскинувањето" со семејството Лидел се случило набрзо било веројатно како резултат на овие гласини.[34] Друго објаснување била наводната врска со „Ина“ на Керол: Лорина исто така било името на мајката на Алиса Лидел. Она што се чинело најзначајно и изненадувачко е дека во документот гласи дека „раскинувањето “ на Додсон со фамилијата немало никаква врска со Алиса. Меѓутоа, се додека не се откие некој примарен извор, настаните од 27 јуни 1863 остануваат необјаснети.
Мигрена и епилепсија [уреди]
Во својот дневник за 1880 година Додсон забележал дека ја искусил својата прва епизода/ случај/ на епилепсија до аура, детално и точно опишувајќи го процесот на 'движечки тврдини' кои се манифестација на аура стадиумот на овој синдром.[35] Всушност дури и еден синдром е наречен по ова - Синдром на Алиса во земјата на чудата.Исто така познат како микропсија и макропсија, тоа е состојба на мозокот која влијае врз начинот на кој умот ги перцепира предметите. На пример, едно лице кое страда од овој синдром може да гледа некој поголем предмет, како кошаркарска топка/баскет, и да ја перцепира небаре е голема колку топче за голф.
Додсон истот така имал два напади за време на кои изгубил свест. Бил дијагностициран од тројца различни доктори; д-р Моршид, д-р Брукс и д-р Стедман, верувале дека нападот и последователниот напад се удари/напади на „епилептиформ“ (првично се верувало дека е само онесвестување, но Брукс се премислил). Некои од ова заклучиче дека бил доживотен заболен од оваа болест, но не постојат докази за ова во неговите дневници освен дијагнозата и двата напади кои се погоре спомнати.[36] Некои автори, особено Сади Рансон, претпоставуваар дека Керол можеби страдал од епилепсија на темпоралниот лобус во која свеста не секогаш се губи целосно, туку се изменува, и во која симптомите ги имитираат многу од искуствата дел од Алиса во земјата на чудата. Керол доживеал бар еден инцидент кога целосно изгубил свест и се разбудил со раскрварен нос, случка зпишана во неговиот дневник и забележал дека оваа „епизода“ предизвикала прилично долго време по тоа да не се чувствива добро. Овој напад бил дијагностициран како можен вид на „епилепсија“ и самиот Керол ги запишал нападите во истиот дневник. Меѓутоа, важно е да се запамти дека гледано од денешна перспектива, неможеме да се потрпреме на нитуедна викторијанска дијагноза за невролошки проблеми. Многу малку било познато за како функционира човечкиот мозок и повеќето стандардни тестови за дијагнозирање на денешницата, не биле достапни во деветнаесетиот век.
Гласини за педофилија [уреди]
Пријателствата на Додсон со мали девојчија, заедно со неговиот забележлив недостиг од интерес за романтични врски со возрасни жени, и психолошките читања на неговите дела – особено неговите фотографии од голи или полуголи девојчиња[37] – довеле до шпекулацијата дека тој е педофил. Оваа можност е дополнета со многубројни модерни интерпретации на неговиот живот и дело, особено драмата на Денис Потер, Алиса и неговото сценарио за филмот „Дете на сонот“ и уште по значајно Алиса на Роберт Вилсон, и голем број на неодамнешни биографии, вклучувајќи Мајкл Бејквел „Луис Керол: Биографија“ ('Lewis Carroll: A Biography) (1996), Доналд Томас „Луис Керол: Портрет со позадина (Lewis Carroll: A Portrait with Background) (1995), и Мортон Н. Коен „Луис Керол: Биографија “(Lewis Carroll: A Biography )(1995). Сите овие дела, повеќе или помалку, недвосмислено претпоставуваат дека Додсон бил педофил, иако поттиснат и целибатен. Кохен тврди дека „сексуалната енергија на Додсон била испразнета на неконвенционални начини“, и понатаму пишува:
Ние не можеме да знаеме до кој степен сексуалните нагони стоеле зад тоа што Чарлс претпочитал да црта и фотографира акти на деца. Тој тврдел дека ова имало чисто естетска функција. Но со оглед на неговата емоционална приврзаност кон децата, како и неговото естетско вреднување на нивните форми, неговото тврдење дека неговиот интерес е строго уметнички е наивно. Тој веројатно чувствувал повеќе отколку што се осмелил да признае, дури на себеси.[37]
Коен забележува дека Додсон „очигледно убедил многу од неговите пријатели дека неговата приврзаност кон силуетата на голо женско дете не содржел каков било еротизам“ но додава дека „подоцните генерации гледаат под површината на ова“(p. 229).
Коен и другите биографи тврдат дека Додсон можеби сакал да се ожени со 11-годишната Алиса Лидел и дека ова беше причината за необјаснетото „раскинување“ со семејството Лидел во јуни 1863 година.[38] Но, никогаш немало значајни докази за поддршка на идејата, а во 1996 година откривањето на "скинатите страници од дневникот – документ“ (види погоре) тврдат дека „раскинувањето“ од 1863 немал толку врска со Алиса, туку можеби било поврзано со гласините за нејзината постара сестра Лорина, или дури и нивната гувернанта.
Некои писатели, на пример, Дерек Хадсон и Роџер Ланцелин Грин, не одат до толку далеку за да тврдат дека е Додсон е педофил, но се согласуваат дека тој имал пасија за мали девојчиња и скоро никаков интерес во светот на возрасните.
Една прифатена слика од биографијата на Додсон неодамна беше оспорена од група научници предводени од Хугес Лебаили и Каролина Лич и други, кои тврдат дека дневниците и писмата на Додсон откриваат дека тој од многу аспекти бил поинаков од традиционалната слика. Тие и други ги создале Спротивно, друштво за нови проучувања на Луис Керол.[39] Книгата на Лич „ Во сенките на детето од соништата“ била особено контроверзна.
Лебиали настојувал да ги вброи фотографиите на деца од Додсон во склоп на „викторијанскиот култ кон детето“, според кој голотијата на децата во основа се сметала за израз на невиност. Леибали тврси дека проучувањата на акти на деца биле конвенционални и модерни во времето на Додсон и повеќето од фотографите, вклучувајќи го Оскар Густав Рејландер и Џулија Маргаред Камерон, ги направиле вообичаени. Лебиали понатаму вели дека актите на деца биле печатени и на викторијански божиќни честитки – подразбирајки една многу поинаква социална и естетска проценка на таквите материјали. Лебијали заклучува дека биографите на Додсон направиле грешка што ги гледале неговите фотографии на деца со очи од 20 или 21 век, и што ги претставиле како некој вид на лична идиосинкразија, кога тие всушност биле одговор на едно преовладувачко естетско и филозофско движење во тоа време.
Лич објавила нова анализа на сексуалноста на Додсон. Таа тврди дека наводите за педофилија првично произлегле од неправилно разбирање на викторијанските начела, како и погрешната идеа, поддржана од неколкуте биографи на Додсон, тека тој немал интерес за возрасни жени. Традиционалната слика ја именувала „Митот за Керол“.[40] Таа докажала дека неговите дневници покажуваат дека тој исто така бил доста заинтересиран за возрасни жени, венчани и невенчани, и бил дел од неколку скандалозни (според општествените стандарди во тоа време) такви врски. Во подоцнежниор живот, многу од оние кои тој ги опишува како „деца-пријатели“ биле девојки од окулу деветнаесет до дваесет и нешто годишни. [41] Таа тврди дека претпоставките за педофилија еволвирале многу години по неговата смрт, во време кога неговото добронамерно семејство ги поттиснало сите докази за неговите врски со жени во обид да ја зачуваат неговата репутација, и од тука се создал впечатокот за маж кој се интересирал само за мали девојчиња. Исто така, Лич ја следела трагата на тврдењето, дека многу од пријателствата на Керол со девојчињата завршувале кога тие ќе наполнат 14 години, до една биографија од Лангфорд Рид од 1932 година[42], за кого Лич тврди дека од ова тој сакал да посочи дека Додсон бил „чист човек“ неоцрнет од сексуална желба.[43]
Шери Л. Акерман спори дека Митот на Керол истот така се проширува со традиционалните, конвенционални видувања на духовноста на Керол. [44] Акерман вели дека Керол не бил конзервативен викторијански англиканец туку мистик. Таа го поврзува Керол со неоплатонското оживување на Британија во деветнаесетиот век, како и со сродните трендови на теософија и спиритуализам.
Концептот на Митот за Керол бил оспоруван од некои врвни проучувачи на Керол, особено Мортон Н. Коен и Мартин Гарднер. Коен се оградува од ставот на Лич, бидејки смета дека тоа е едноставно начин на одбрана, и во еден недамнешен наслов објавен од во Додаток на литературните времиња ги обележал Лич и нејзините поддржувачи како ревизионисти кои се обидуваат одново да ја напишат историјата. Гарднер бил подеднакво непријателски во еден нарпис објавен од Друштвото Луис Керол од Северна Америка. Исто така во една критика објавена во Викторијански студии (Том 1.43, Бр.4) Доналд Рацкин напишал ; „Тешко е да се свати сериозно „Во сенката на детето од соништата“ од Каролина Лич, како едно научно биографско дело.“
Ставови за бракот [уреди]
Доџсон напишач, „Кога луѓето ме прашуваат зошто никогаш не сум се оженил, им велам дека никогаш не сум сретрнал некоја млада дама која би можел да ја истрпам повеќе од четири дена ..." [2]
Привлечноста на децата [уреди]
Стујарт Додсон Колингвуд напишал:
- А сега во однос на вторичните причини поради кои тој беше привлечен од деца. Прво, мислам дека му се допаѓаа деца поради тоа што тој пред се беше учител, и во нивните нерасипани умови гледаше најдобар материјал со кој би работел. Во подоцните години една од неговите омилени рекреации беше да држи предавања за логика во школи; посветуваше лично внимание на секој од неговите ученици, и можеме да си замислиме со колку нетрпеливо очекување децата се радувале на посетите од учител кој знаел и најдосатните предмети да ги направи интересни и забавни. [3]
Дела [уреди]
Литературни дела [уреди]
|
Математички дела [уреди]
|
Видете исто така [уреди]
Колекцијата „Луис Керол“ на Алфред Ц. Берол [уреди]
Луис Керол колекцијата на Алфред Ц. Берол се наоѓа во библиотеката Фалс во Универзитетот Њујорк. Таа е една од најголемите колекции од материјали за и од Луис Керол во Соединетите Американски Држави и содржи негови писма, цртежи, ракописи (оригинали, потпишани копии, презентациски копии и докази) и фотографии. Исто така вклучува цртежи од неговите илустратори Хери Фурнис и Џон Тениел . Покрај тоа колекцијата содржи неколку куси материјали поврзани со Луис Керол. Овој епфемерал го прикажува современото и долготраен културно влијание кое го имаат делата на Луис Керол, како и некои писма на Алфред Ц. Берол и забелешки за собирањето на материјалите во склоп на колекцијата.[45] The Fales Library guide to the Alfred C. Berol Collection of Lewis Carroll.
Забелешки [уреди]
- ↑ „Charles Lutwidge Dodgson (Lewis Carroll): A Brief Biography“. Victorianweb.org. 2004-11-25. http://www.victorianweb.org/authors/carroll/bio1.html. проверено на 2010-03-11.
- ↑ 2,0 2,1 2,2
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ Cohen, Morton N. (26 November 1996). „Lewis Carroll: A Biography“. Vintage Books. стр. 200–2. ISBN 978-0-679-74562-4.
- ↑ 4,0 4,1 Collingwood, Stuart Dodgson. The Life and Letters of Lewis Carroll, 18.
- ↑ 5,0 5,1 Leach, Karoline In the Shadow of the Dreamchild Ch. 2.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Leach, Karoline In the Shadow of the Dreamchild Ch. 2
- ↑ Leach, p. 91
- ↑ Cohen, Morton N. (ed), The Letters of Lewis Carroll, London: Macmillan, 1979.
- ↑ 9,0 9,1 Leach, Karoline In the Shadow of the Dreamchild Ch. 5 "The Unreal Alice"
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеsnaogq. - ↑ Wilson, Robin (17 November 2008). „Lewis Carroll in Numberland: His Fantastical Mathematical Logical Life“. W.W. Norton. ISBN 978-0-393-06027-0.
- ↑ „Lewis Carroll – Logician, Nonsense Writer, Mathematician and Photographer“. „The Hitchhiker's Guide to the Galaxy“. BBC. 26 August 2005. http://www.bbc.co.uk/dna/h2g2/A4462670. проверено на 2009-02-12.
- ↑ Cohen, Morton (24 June 2009). „Introduction to "Alice in Wonderland and Through the Looking-Glass"“. Random House. ISBN 978-0-553-21345-4.
- ↑ Taylor, Roger; Wakeling, Edward (25 February 2002). „Lewis Carroll, Photographer“. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-07443-6.
- ↑ „The Photography of Lewis Carroll — The Photography of Lewis Carroll“. Photographyoflewiscarroll.googlepages.com. http://photographyoflewiscarroll.googlepages.com/. проверено на 2010-03-11.
- ↑ Flodden W. Heron, "Lewis Carroll, Inventor of Postage Stamp Case" in Stamps, vol. 26, no. 12, 25 March 1939
- ↑ „Lewis Carroll Related Postage Stamps“. The Lewis Carroll Society. 28 April 2005. http://lewiscarrollsociety.org.uk/pages/inspired/stamps.htm. проверено на 2009-02-12.
- ↑ Black, Duncan; McLean, Iain; McMillan, Alistair; Monroe, Burt L.; Dodgson, Charles Lutwidge. „A Mathematical Approach to Proportional Representation“. ISBN 978-0-7923-9620-8. http://books.google.co.uk/books?id=PN1dAAAACAAJ.
- ↑ Carroll, Lewis, "What the Tortoise Said to Achilles", Mind n.s. 4 (1895), 278-280; rpt. in Mind 104 (1995), 691-693. Simon Blackburn, "Practical Tortoise Raising", Mind 104 (1995), 695 ff. - [1]
- ↑ Angelica Shirley Carpenter (2002). Lewis Carroll: Through the Looking Glass. Lerner. p. 98.ISBN 978-0-8225-0073-5.
- ↑ Thomas Christensen (1991). "Dodgson's Dodges". rightreading.com.
- ↑ Chronology of Works of Lewis Carroll[мртва врска]
- ↑ Dodgson's MS diaries, volume 8, 22–24 October 1862
- ↑ Cohen, Morton N. (26 November 1996). „Lewis Carroll: A Biography“. Vintage Books. стр. 263. ISBN 978-0-679-74562-4.
- ↑ Wilson, Robin (17 November 2008). „Lewis Carroll in Numberland: His Fantastical Mathematical Logical Life“. W.W. Norton. стр. 103–104. ISBN 978-0-393-06027-0.
- ↑ Leach, In the Shadow of the Dreamchild (new edition), 2009, p. 134
- ↑ Dodgson's MS diaries, volume 8, see prayers scattered throughout the text
- ↑ Leach, p. 48
- ↑ Leach, p. 51
- ↑ Leach, pp. 48–51
- ↑ Leach, p. 52
- ↑ Wakeling, Edward (April 2003). „The Real Lewis Carroll / A Talk given to the Lewis Carroll Society“. „1855 ... 1856 ... 1857 ... 1858 ... 1862 ... 1863“. http://www.wakeling.demon.co.uk/page3-real-lewiscarroll.htm. проверено на 2009-09-14.
- ↑ Dodgson Family Collection, Cat. No. F/17/1. "Cut Pages in Diary[мртва врска] ". (For an account of its discovery see The Times Literary Supplement, 3 May 1996.)
- ↑ Leach, Karoline In the Shadow of the Dreamchild pp. 170–2.
- ↑ "The Diaries of Lewis Carroll", vol 9 p. 52
- ↑ "The Diaries of Lewis Carroll", vol 9
- ↑ 37,0 37,1 Cohen, Morton N. (26 November 1996). „Lewis Carroll: A Biography“. Vintage Books. стр. 166–167, 254–255. ISBN 978-0-679-74562-4.
- ↑ Cohen, Morton N. (26 November 1996). „Lewis Carroll: A Biography“. Vintage Books. стр. 100–4. ISBN 978-0-679-74562-4.
- ↑ „Contrariwise, the Association for new Lewis Carroll studies“. Carrollmyth.com. http://carrollmyth.com/contrariwise/index.html. проверено на 2010-03-11.
- ↑ „The Carroll Myth“. http://carrollmyth.com/. проверено на 2009-02-12.
- ↑ Leach, pp. 16–17
- ↑ Leach, p. 33
- ↑ Leach, p. 32
- ↑ Ackerman, Sherry L. (2008). „Behind the Looking Glass“. Cambridge Scholars Publishing. ISBN 1-84718-486-3.[се бара страница]
- ↑ „Guide to The Alfred C. Berol Collection of Lewis Carroll 1845–1993 MSS 57“. Dlib.nyu.edu. http://dlib.nyu.edu/findingaids/html/fales/berol.html. проверено на 2010-03-11.
Наводи [уреди]
- Black, Duncan (1958). The Circumstances in which Rev. C. L. Dodgson (Lewis Carroll) wrote his Three Pamphlets and Appendix: Text of Dodgson's Three Pamphlets and of 'The Cyclostyled Sheet' in The Theory of Committees and Elections, Cambridge: Cambridge University Press.
- Bowman, Isa (1899), The Story of Lewis Carroll, Told by the Real Alice in Wonderland, London: Dent
- Cohen, Morton N. (1995), Lewis Carroll: A Biography, London: Macmillan. (ISBN 0-333-62926-4)
- Collingwood, Stuart Dodgson (1898), The Life and Letters of Lewis Carroll, London: T. Fisher Unwin
- Dogson, Charles L., Euclid and His Modern Rivals; Macmillan, 1879 (reissued by Cambridge University Press, 2009; ISBN 978-1-108-00100-7)
- Graham-Smith, Darien (2005), Contextualising Carroll, University of Wales, Bangor: PhD Thesis ([4])
- Huxley, Francis (1976), The Raven and the Writing Desk. (ISBN 0-06-012113-0).
- Kelly, Richard, Lewis Carroll. Boston: Twayne Publishers, 1990.
- Kelly, Richard, ed. Alice's Adventures in Wonderland, Peterborough, Ontario: Broadview Press, 2000.
- Leach, Karoline (1999), In the Shadow of the Dreamchild: A New Understanding of Lewis Carroll, London: Peter Owen Publishers
- Lennon, Florence Becker (1947), Lewis Carroll, London: Cassell
- Reed, Langford (1932), The Life of Lewis Carroll, London: W. and G. Foyle
- Sunghyun Kim, 'Political Unconscious in Fantastic Narrative: Lewis Carroll's Alice's Adventures in Wonderland' Шаблон:Ko icon, Yonsei University Graduate School, 2005
- Taylor, Alexander L., Knight (1952), The White Knight, Edinburgh: Oliver and Boyd
- Taylor, Roger & Wakeling, Edward, Lewis Carroll, Photographer. Princeton University Press, 2002. (ISBN 0-691-07443-7). Catalogues nearly every Carroll photograph known to be still in existence.
- Wilson, Robin (2008). „Lewis Carroll in Numberland: His Fantastical Mathematical Logical Life“. London: Allen Lane. ISBN 9780713997576.
- Wullschläger, Jackie, Inventing Wonderland, (ISBN 0-7432-2892-8)—also looks at Edward Lear (of the "nonsense" verses), J. M. Barrie (Peter Pan), Kenneth Grahame (The Wind in the Willows), and A. A. Milne (Winnie-the-Pooh).
- n.n., Dreaming in Pictures: The Photography of Lewis Carroll. Yale University Press & SFMOMA, 2004. (Places Carroll firmly in the art photography tradition.)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Lewis Carroll“ |
- Онлајн водич низ библиотеката на Алфред Ц. Берол The Fales Library Guide to the Alfred C. Berol Collection of Lewis Carroll
- Дела од или за Чарлс Лудвиг Доџсон во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Информации за контроверзиите за Керол The Carroll Myth background on the current controversy.
- Фотографиите од Луис Керол The Photography of Lewis Carroll
- Британско друштво посветено на Луис Керол The Lewis Carroll Society
- Северно Американско друштво на Луис Керол Lewis Carroll Society of North America
- Викторијанска веб локазија Lewis Carroll at victorianweb.org

