Чарлс Брендон (Трет војвода од Суфолк)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Чарлс Брендон ( 1537 - 14 јули 1551) бил англиски благородник, син на првиот војвода од Суфолк, Чарлс Брендон и неговата четврта сопруга Катерина Вилогби.
Неговиот татко претходно бил во брак со Марија Тјудор, сестра на англискиот крал Хенри VIII. По нејзината смрт, тој се оженил за Катерина Вилогби.
Во 1541, Чарлс Брендон и неговиот помлад брат Хенри биле насликани од страна на Ханс Холбајн Помладиот.
Хенри Брендон го наследил својот татко како Трет војвода од Суфолк на 22 август 1545 година. Тоју и неговиот брат се школувале во Универзитетот Свети Јован во Кембриџ. Во тоа време земјата била зафатена од страна на голема епидемија од која починале и двајцата синови на Чарлс во рок од само неколку часови.