Чарлс Бери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чарлс Бери
Charles Barry
Роден(а)Чарлс Бери
23 мај 1795(1795-05-23)
Вестминстер, Лондон
Починал(а)12 мај 1860(1860-05-12) (возр. 64)
Лондон
НационалностАнгличанец
НаградиКралски златен медал (1850)
ЗданијаВестминстерска палата
Вестминстерската палата во Лондон — дело на Бери

Чарлс Бери (англиски: Charles Barry); (23 мај 1795 - 12 мај 1860) — истакнат англиски архитект, најпознат по изградбата на Вестминстерската палата во Лондон, како и некои други значајни места во Обединетото Кралство.

Почеток на кариерата[уреди | уреди извор]

Бери е роден во Вестминстер, Лондон, како син на Волтер Едвард Бери[1]. Се школувал во приватно учичиште во Хоумртон и Асплеј[1]. По смртта на неговиот татко, тој наследил сума на пари која му овозможувала да патува низ целото Средоземје и Близок Исток, од 28 јуни 1817 до август 1820 година[2]. Така, во текот на тие години тој ја посетил Франција, Италија, Грција, Турција, Египет, Палестина (денешен Израел) и Сирија, потоа Сицилија и назад се вратил преку Италија и Франција. неговата посета на овие земји, посебно на Италија, му дале огромна инспирација за тој да стане архитект.

Први успеси[уреди | уреди извор]

Неговата прва поголема работа му била доделена во 1824 година за кралската манчестерска институција за промоција на литература, наука и уметност (денес дел од Манчестерска уметничка галерија). По ова следувале неколку цркви во Манчестер, вклучувајќи ја и Црквата на сите Светители, која била срушена во 1854 година. Една од првите големи дела на сер Бери била црква црквата Свети Петар во Бригтон, каде употребил нов готски стил.

Куќата на парламентот[уреди | уреди извор]

По опожарувањето и уништувањето на поголемиот дел од Вестминстерската палата, била покренета иницијатива за нејзино реновирање. Во 1836 година, по анализата на 97 конкурентски предлози, кралската комисија го избрала готскиот стил од планот на Чарлс Бери. Камен-темелникот бил поставен во 1840,[3] канцеларијата на управникот била завршена во 1847, а зградта на долниот дом во 1852 година. Поради ова, Бери бил прогласен за витез. Иако голем дел од работата била заврешна до 1860, конструкцијата била завршена една декада подоцна. Чарлс Бери, чиј архитектонски стил бил повеќе класичен отколку готски, цврсто се потпирал на Огастес Велби Пјуџин за раскошниот и карактеристичен готски ентериер, вклучувајќи тапети, гравури, витражи и мебел, како и кралските престоли и сводови.

Чарлс Бери починал на 12 мај 1860 година, и бил погребан во Вестминстерската опатија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Dod, Robert P. (1860). The Peerage, Baronetage and Knightage of Great Britain and Ireland. London: Whitaker and Co. стр. 106.
  2. стр. 15-63, in the Rev. Alfred Barry's, The Life and Works of Sir Charles Barry R.A., F.S.A., 1867, John Murray
  3. Riding „Westminster: A New Palace for a New Age“ Проверете ја вредноста |url= (help). BBC. 7 февруари 2005. Посетено на 31 мај 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]