Чандрасекарова граница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Чандрасекарова граница е константа во астрофизиката и обично изнесува 1,4 сончеви маси. Вредноста на оваа граница варира зависно од земените вредности, а вредноста која ја пресметал астрофизичарот Субраманијан Чандрасекар (1910-1995) изнесува:
\frac{\omega_3^0 \sqrt{3\pi}}{2}\left ( \frac{\hbar c}{G}\right )^{3/2}\frac{1}{(\mu_e m_H)^2}.
каде μe е просечна молекуларна тежина на електроните, m_H масата на еден
атом водород, \pi бројот Пи, \omega_3^0 \approx 2.018236 e константа поврзана со решението на еквиваленцијата на Лејн-Емден, \hbar е Планковата константа, c е брзината на светлината, G или y е гравитациската константа.
Чандрасекаровата граница е од големо значење за еволуцијата на една Ѕвезда. Значи, колку што е масата на ѕвездата помала од Чандрасекаровата граница, во моментот кога ѕвездата ќе го потроши целото свое нуклеарно гориво, односно кога нема повеќе да има водород во нејзиното јадро, а нема доволно енергија да ја започне фузијата на хелиумот, тогаш ѕвездата почнува да се распаѓа под дејство на гравитационата сила. На крајот настанува бело џуџе. Доколку масата на ѕвездата е поголема од Чандрасекаровата граница, а помала од три сончеви маси, најпрво настанува црвен џин, a кога ќе почне гравитационото распаќање, настанува нова или супернова.Со распаѓање под дејство на гравитација ѕвездите со маса поголема од три сончеви маси експлодираат во супернови.На крајот на еволуцијата, ѕвездите со средна маса стануваат неутронски ѕвезди, а кај ѕвезди со поголема маса настанува црна дупка.