Чалке (Константинопол)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на административниот град во Константинопол

Портата Чалке (грчки: Χαλκῆ Πύλη) претставувала главната церемонијална порта во Големата палата во Константинопол во времето на Византија. Во превод името значи бронзена порта, бидејќи дел од нејзиниот покрив бил покриен со позлатена бронза. Внатрешно портата била раскошно украсена со мермер и мозаици, а надворешноста пак со голем број на статуи. На неа во времето на византиското иконоборство се наоѓала иконата на Исус и еден параклис кој нил посветен на Христос, кој бил изграден во текот на 10 век. Најверојатно портата била срушена во 13 век, а капелата во 19 век.

Историја[уреди]

Портата се наоѓала во југоисточниот дел на главниот плоштад Августајон, со Аја Софија на северната страна, а бањите Зевксипиј и хиподромот биле на јужната и западната страна[1].

Првата структура на оваа место била изградена од страна на архитектот Атерок во времето на Анастасиј I (491-518) по повод победата на Византија во Исавриската војна (492-497).[2]. Како дел од центарот на градот, овој објект изгорел во бунтот Ника од 532 година, а по ова била изградена од страна на Јустинијан I (527-565)[3].

Во времето на Роман I Лакапин (920-944) бил изграден една мала капела посветена на Исус Христос, а подоцна во времето на Јован I (969-976) била проширена. Во оваа капела бил погребан по неговата смрт[4][5][6]. Оваа порта веќе во времето на Исак II Ангел не се споменува (1185-1195)[4][7]. За разлика од портата, капелата постоела уште неколку векови. Таа се споменува од страна на руските верници во 14 век[8] и во турско време. Капелата била разрушена во 1804 година[4].

Опис[уреди]

Јустинијановиот објект бил во форма на правоаголник, и истиот се состоел од централна купола си пандантиф. Црквата се наоѓала сшпред Манго на левата страна од портата, додека постојат и извори дека таа се наоѓала на врвот од портата[9].

Според Прокопиј, ѕидовите биле украсени со мермер, таванот бил покриен со мозаици на кои биле претставени Јустинијан и неговата сопруга. За надворешниот изглед не се знае многу. Познато е само дека на портата се наоѓале разни статуи.

На главниот влез стоела икона на Исус. Потеклото на иконата не е познато. Врз основа на раскажувањата, таа датира од почетокот на 6 век. Во времето на Лав III (717-741) биле забранети иконите, па истата била отстранета. Таа најверојатно била повторно ставена во времето на Ирина.

Наводи[уреди]

  1. Kazhdan (1991), p. 232
  2. PLRE II, "Aetherius 2", p. 19
  3. Kazhdan (1991), pp. 405–406
  4. 4,0 4,1 4,2 Kazhdan (1991), p. 406
  5. Janin (1968), pp. 529–530
  6. Mango (1958), p. 149
  7. Mango (1958), pp. 34–35
  8. Majeska (1984), pp. 241–242
  9. Mango (1958), p. 154

Надворешни врски[уреди]